• Latest

Орданоски: Сите ќе одговараат за тоа што го правеле!

July 12, 2016

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Орданоски: Сите ќе одговараат за тоа што го правеле!

July 12, 2016 18:16
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Во други држави паѓаат влади за договори за корупција, за кршење на некаков закон, за илегални акции… Во Македонија добивме над 400 разговори, во кои, во детали, со нивните оригинални гласови, по 30, 40 минути ги опишуваат нивните злодела“, рече д-р Сашо Орданоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на промоцијата на публикацијата „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“. Орданоски потенцира дека „власта детално развила систем за крадење на изборите“, но и дека „тие што учествуваа во изборен криминал, на следните избори нема да учествуваат на изборите“

„Шокантно е да видите дека немало обвинител или судија во изминатите 10 години, којшто претходно не поминал на разговор кај шефот на тајната полиција. Шокантно е да слушнете како се рекетираат бизниси, се прават договори за преземање на фирми и можам да ве убедам дека тоа е само мал дел од разговорите кои ги слушнавме. Најшокантно е тоа како се крадени изборите кои се темелот на демократијата! Ако во тоа чепнете, во таа светост, ако тоа го фалсификувате, тогаш, сé друго станува бесмислено. Тогаш, државата и демократијата се украдени на самиот влез, и сé понатаму станува проблем“, дециден е Орданоски.

„Овие луѓе што ја водат државата, развиле систем во којшто детално развиле начин како ќе се крадат изборите. Во Македонија, во 25-те години, не сме имале никогаш совршени избори, секогаш сме биле сведоци дека гласањето се одвивало на работ од легалното, но шокантно е кога ќе видите како целата ‘машинерија’, на индустриско ниво, значи, со еден корпоративен пристап, ги фалсификувала и ги крадела изборите! Сите ресурси им биле на располагање: пари, луѓе, медиумска поддршка, сé им било дадено на тацната за крадење, бидејќи општеството е доволно обработено – еден дел од гласачите да гласаат за опцијата која ги краде изборите!“, смета експертот на ЦИВИЛ.

„Улогата на ЦИВИЛ е многу интересна, и го подржувам веќе неколку години, зашто, јас многу сакам луѓе кои работат на терен. Преку глава ми е од невладини организации коишто седат во канцаларии, дел од нив се експерти, можеби и јас сум таков, бидејќи таква ми е професијата, но дел од професијата ми е и на терен, и знам дека искуствата од терен се незаменливи, многу драгоцени. Никој во Македонија не се занимавал онака, како што ЦИВИЛ се занимава со тие прашања: да излезе меѓу луѓето да собере информации, приказни, да се оди на терен, да се констатира дека зградата нема трет влез, да се отиде, да констатира кај се наоѓа зградата, станот кај што има 56 регистрирани гласачи, да се отиде да се види човекот којшто вели дека се заглавил во лифт… Ние навикнавме да живееме во општество во кое сториите ни доаѓаат од пропагандни центри, каде дури и насловите не се менуваат, сториите не се потпишани и на луѓето им се вари мозокот, уште и пред да почнат да размислуваат“, рече Орадноски.

„Од вчера сум поблаг оптимист, бидејќи секогаш гледам да сум реалист. По посетата на госпоѓа Нуланд, ми се чини дека сите ќе одговараат за тоа што го правеле и гледам дека странците сакаат таа работа да се тера во институциите. Македонскиот конфликт е опасен, компликуван, има  многу незгоден потенцијал, меѓутоа странците изнајдоа начин сето тоа да го истераат низ институциите, бидејќи разбираат дека институциите се поважни од самите политичари. Тие инсистираат да имаме добри институции, а тоа е подобро за нас, граѓаните. Ние ќе добиеме специјално судско одделение, ќе добиеме специјална полиција која ќе се занимава со ова… Меѓу другото, и давањето поддршка на СЈО и тоа на еден ригорозен начин, од најголемата светска сила и најголемиот партнер, бидејќи САД и ЕУ ни се стратегиски партнери за кои сме се определиле како општество, меѓу другото, и за можностите кога гласаме, е во тој контекст…“, смета Орданоски.

DSC_0093
д-р Сашо Орданоски

„Во весниците читам дека се договараат избори за во ноември, што значи, дека ЦИВИЛ ќе има уште многу работа во претстојните месеци. Исто така, гледам дека луѓето коишто ги злоупотребуваа институциите, немаат намера да се откажат од тоа, но правната држава има шанси да ја победи политичката држава, бидејќи ако политичката држава излезе победник, тогаш е тоа нема да биде добро за никого, а најмалку за Македонија…

Тие што учествуваа во изборен криминал на следните избори нема да учествуваат на изборите, со нив е завршено тоа е јасно. Но, како и да излезат изборните резултати, мислам дека на Македонија по оваа лекција, ќе и треба барем еден циклус од неколку децении, за некој повторно и да помисли – на ваков ‘индустриски’ начин да влезе во злоупотреба на комплетниот демократски систем во општеството“, рече во своето излагање, Орданоски.

ЦМ

Tags: Викторија НуландСАД и ЕУСашо ОрданоскиСЈОфалсификувани избориЦивил – Центар за слобода
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ