• Latest

Орданоски: Слободата на изразување е клучниот елемент во демократијата

June 24, 2019

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Орданоски: Слободата на изразување е клучниот елемент во демократијата

Политичкиот аналитичар и професор д-р Сашо Орданоски зборува за слободата на изразување

June 24, 2019 15:08
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Во моделот на либералната демократија, партиципативноста на граѓаните е клучот на целиот систем. Значи, ако немате граѓани кои сакаат да учествуваат во тоа како ќе се бира елитата којашто ќе ги раководи и којашто ќе ги застапува нивните интереси во демократскиот апарат, тогаш е нарушен системот на демократијата“, изјави Сашо Орданоски, политички аналитичар во разговор со ЦИВИЛ Медиа за слободата на изразување.

„Во таа смисла, слободата на изразување е клучен фактор околу тоа граѓаните коишто учествуваат во процесот на партиципативност, да бидат добро информирани. Бидејќи, ако граѓаните не се добро информирани за да ги направат деликатните избори во демократскиот модел, затоа што на нив стои изборот за тоа кој ќе владее со државата, тогаш имате проблем со квалитетот на владеењето, доколку граѓаните се неинформирани.

За да бидат информирани, мора да има слобода на изразување. Тоа значи дека тој елемент, којшто на извесен начин е лепак меѓу граѓаните и владеењето мора да биде остварен на начин на кој ќе бидат слушнати што повеќе мислења, што повеќе ставови и контра ставови, за секој граѓанин да може да донесе суд за тоа како и кого треба да го избере на следните избори. На крајот на краиштата, моќта на граѓаните во демократијата се состои во тој ден кога гласаат. Тогаш тие го максимизираат својот купон за учество во демократијата. Во меѓувреме, меѓу два избори со државата владеат елити и владеат контролни механизми, како новинарство, дебати, независна јавност, критичко мислење и така натаму. Но, сето тоа се случува за на денот на гласањето, граѓанството, гласачите дадат потврда за тоа што мислат дека треба да се прави и што е во јавен интерес. Затоа, слободата на изразувањето е клучниот елемент во демократијата. Затоа е таа гарантирана во сите меѓународни документи наназад веројатно 50-100 години, кога почнува да функционира модерниот демократски модел. Бидејќи се разбра дека без добро информирана јавност не може да има добар политички систем којшто потоа ќе продуцира одлуки во интерес на јавноста.

Се разбира и дека слободата на изразувањето користи и како еден корективен механизам, затоа што инаку би живееле во таканаречени мајоритарни системи, каде што само мнозинствата владеат. Што е, пак, една друго погрешно толкување на тоа што е демократијата. Бидејќи во модерните општества ако владеат само мнозинствата тогаш ќе имате исклучително неправедни системи во кои сите оние кои припаѓаат на некакви малцинства, културни, јазични, религиски и така натаму, ќе бидат потиснати од мнозинството. Затоа слободата на јавното изразување е и тој корективен фактор во којшто се балансира демократијата во смисла на заштита на сите малцински интереси, кои имаат право на кохабитација со мнозинските интереси.

Со други зборови, кога ќе се загуши слободата на јавно изразување тоа е првиот, и веројатно, последниот сигнал дека во земјата нема повеќе демократија“, објасни Орданоски.

транскрипт и монтажа: Маја Ивановска
камера: Дехран Муратов
фотографија: Марија Вишинова

Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ