Биљана Јордановска, една од авторките во публикацијата „Избори 2016“, како финалени извештај од изборното набљудување на од ЦИВИЛ – Центар за слобода,, истакна на промоцијата дека конечно, некој мора да ја преземе одговорноста за катастрофалната состојба на Избирачкиот список.
„Катастрофалната состојба на Избирачкиот список оневозможи голем број граѓанки и граѓани да го остварат своето гласачко право. Државната изборна комисија (ДИК) не успеа да им го овозможи правото на глас на сите граѓанки и граѓани со право на глас. Одговорните за оваа состојба мора да се соочат со последиците од хаваријата на Избирачкиот список и кршењето на правото на глас. Но, ако ДИК се смета себеси за нерелевантна во одлучување на веродостојноста на Избирачкиот список, ако сите инволвирани институции во вкрстената проверка на списокот си ја префрлуваат вината меѓусебно и ако веќе самите политички субјекти во изборите се согласија и го легитимираа како прочистен Избирачкиот список, тогаш кој ќе одговара? Мислам дека одговорот сите го знаеме, како и секогаш, граѓанките и граѓаните“, изјави Јордановска во своето обраќање.