Денес во Киев, кој е под постојани напади од руските агресорски сили, се одржи уметничка акција Отворено небо / Бесплатно небо, на која Оркестарот Киев-Класик свири класични дела на концерт на Плоштадот на независноста како поддршка на повикот на народот и претседателот на Украина до светските лидери да го затворат небото.
Концертот се одржа како пподдршка на континуираните барања на украинското раководство до светските лидери да го затворат небото над Украина за руските авиони, со што би се спречило бомбардирањето на цивилни цели во Украина, што резултира со голем број цивилни жртви, меѓу кои има и деца.
Д.Мишев