• Latest

Орцев: Ќе се лоцира вината и одговорноста за поплавите!

August 24, 2016

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орцев: Ќе се лоцира вината и одговорноста за поплавите!

August 24, 2016 15:15
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Надзорната собраниска расправа, на која ќе се дискутира за начинот на кој работеле и пропустите кои ги направиле институциите, во делот на заштита од поплави, што доведе до 23 изгубени човечки животи и големи материјални штети од невремето кое го зафати скопскиот регион на 6-ти август, ќе се одржи деновиве. ЦИВИЛ Медиа разговараше со претседателот на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, Панче Орцев од СДСМ.

 

6578-Pance1-1200x545_c

„Главна цел на надзорната расправа е да се лоцира одговорноста. Имаме изгубени животи и голема материјална штета, за што сметаме дека сите кои ќе бидат повикани како сведоци, имаат одговорност за незавршувањето на работните обврски. Како сведоци ќе бидат повикани министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот за животна средина и просторно планирање, директорот на  Управата за хидрометролошки работи,  директорот на Центарот за управување со кризи и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Гази Баба. Доколку се беше направено како што треба и работата навремено беше завршена, штетите немаше да бидат толку големи, и немаше да има толку многу човечки жртви“, потенцираше Орцев во изјавата за ЦИВИЛ Медиа.

Тој се осврна и на периодот пред поплавите, но смета дека и за време на поплавите институциите не одговорија на висина на задачата. „Ние, со оваа комисија, сакаме да ја лоцираме одговорноста. Иако сме во опозиција и сигурно ќе ни оди тешко, сепак, сакаме да подготвиме заклучоци кои ќе бидат доставени до Собранието, за на крајот, да се бара и одговорност“, вели Орцев.

srcc

На прашањето кои се очекувањата и дали преку надзорната расправа ќе се успее да се детектира вината, со цел катастрофалните штети од поплавите да не се повторат, Орцев вели: „Ова е оптимистичка изјава, сепак, ние како пратеничка група  ќе излеземе со заклучоци од оваа расправа, на која ќе бидат повикани сите од кои ќе се бара мислење, а и ќе бидат испрашувани. На овој начин, ќе се утврди дали треба да се направат промени во законската регулатива, а ќе се направи и проценка дали се спроведувала постоечката, и на крај, дали е некој одговорен. Со оглед на искуството, не сме оптимисти дека надлежните искрено ќе презентираат што е сработено, но и ние имаме информации. Надзорната расправа е замислена во формат во кој секој ќе има пет минути да ја претстави својата работа, а потоа, пратеник кој ќе биде назначен ќе го испрашува. На овој начин, јавноста ќе биде информирана за што се случувало“.

поплава22

Владејачката ВМРО–ДПМНЕ, иако ја прифати иницијативата за одржување на собраниска надзорна расправа, стои на ставот дека се работи за временска непогода. Според Орцев, ова е класично оправдување на ВМРО–ДПМНЕ – дека наводно, никој не е виновен за поплавите.

„Има вина… Вината е во неисчистените канали, во канализацијата во Стајковци, во урбанизацијата, вина има и во исечената шума, а нова не е засадена. Секако дека има вина и ние ќе се обидеме да ја лоцираме. Тоа за жал, резултираше со 23 жртви, а има информации и дека се повеќе, сепак, тоа без докази е тешко да се тврди“, смета Орцев.

Надзорната расправа доаѓа по иницијативата на пратениците на СДСМ, која Собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство едногласно ја прифати.

Марија Теговска

Tags: Македонијанадзорна расправаодговорностпоплависобраниска комисијаЦивилштети
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ