Во серијалот на ЦИВИЛ насловен „Ослободи го умот“, анилитичарот и новинар Љубомир Костовски и Петрит Сарачини, новинар и медиумски истражувач, зборуваат за главните порпагандни наративи во македонскиот јавен дискурс, дезинформациите и руската пропаганда.
Љубомир Костовски на почеток, истакна дека клучното прашање, во контекст на актуелните теми, е што вие му нудите на гласачот на овие избори, што мислите за евроатланската концепција за нашата надворешна политика и што значи тоа кога ќе бидам избран, ќе кажам, реферирајќи на наративите на опозицијата.
„Не би купил автомобил од Мицкоски бидејќи не можам да купам нешто „на слепо“, без да ги знам сите информации за тоа возило, за да би се одлучил за тој чин. Мицкоски е познат по тоа што лесно може да ги сокрива своите вистински намери зад одредени наративи кои најчесто се и сокриено енигматични. Ние влегуваме во предизборен период и на граѓаните треба јасно да им каже дали е за евроатланскиот пат или не, и што значи тоа – кога ќе дојдам на власт тогаш ќе ви кажам, тоа е како да имаш мачка во вреќа“, вели Костовски, одговарајќи на прашањето дали тој би купил кола од Мицкоски, што реферира на изјавата на О’Брајан дека од Мицкоски не би купил ниту автомобил,
Тој додава дека на невидено може да се избере само на авто-пазар, но и таму граѓаните претходно се распрашуваат какво е возилото, ќе земат да го пробаат, да го возат, ќе си викнат автомеханичар да го види, меѓутоа на изборите граѓаните ја немаат таа опција, граѓаните не знаат кои се клучните опции на главниот опозиционер.
Патрит Сарачини, одговарајќи на прашањето дали тој би купил кола од Мицкоски, што реферира на изјавата на О’Брајан дека од Мицкоски не би купил ниту автомобил, вели дека изјавата на американскиот дипломат О’Брајан го прикажа начинот на кој меѓународната заедница му упати порака на главниот опозициски фактор во земјата, ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да биде поконзизтентен во однос на политиките зад кои барем декларативно стои таа партија 30 години од осамостојувањето.
Сарачини заклучува дека она што му треба на ВМРО-ДПМНЕ е ново возило, нова политика, што ќе ја врати како партија на основните вредности на кои се базира било која модерна демохристијанска партија во Европа, за каква што се декларираат.