• Latest

Османи- Џаишанкар: Отвараме ново поглавје во односите со Индија преку зајакната економска соработка и регионално поврзување

August 31, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи- Џаишанкар: Отвараме ново поглавје во односите со Индија преку зајакната економска соработка и регионално поврзување

August 31, 2023 11:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на официјалната посета на Индија, денес оствари средба со својот индиски хомолог, Субраманјам Џаишанкар.

Во фокус на разговорите беше развојот на пријателските односи меѓу Северна Македонија и Индија, со акцент на можностите за унапредување на трговската размена, зајакнувањето на економската соработка и бизнис врските.

„Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите со Индија, со која иако географски оддалечени, тесно не’ поврзува ликот и делото на Мајка Тереза. Пред нас се отвораат широки потенцијали за јакнење на соработката во бројни области, пред се’ во делот на ИТ индустријата, агробизнисот, обновливите енергии, медицината и туризмот”, нагласи Османи

Воедно, Османи истакна дека покрај развојот на соработката на билатерално ниво, потребно е заеднички да се работи и на поврзување на регионите, при што ја лансираше идејата за одржување Форум Западен Балкан – Индија.

„Задоволство ми е да ја претставам идејата за одржување Форум Индија-Западен Балкан, што има за цел регионално поврзување и разгледување на можностите за раст и развој во значајни области од интерес. На овој начин се отвара можност за продлабочување на економските односи, но и целокупната соработка меѓу нашите региони”, истакна Османи.

На средбата стана збор и за соработката на мултилатерално ниво, при што беше поздравена значајната улога на двете земји на меѓународната сцена, особено во делот на адресирањето на актуелните глобални состојби преку претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ и на Индија со Г20.

Tags: ИндијаМНРОсмани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ