• Latest

Османи: Не е лошо, потребна е уште поголема фокусираност на Владата и на администрацијата!

August 30, 2017
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Не е лошо, потребна е уште поголема фокусираност на Владата и на администрацијата!

August 30, 2017 14:32
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Од вкупно предвидени 73 мерки, во делот три од Планот 3-6-9, досега се реализирани 34 мерки, што претставува реализација од близу половина од мерките. Преку 30 мерки се во тек, а за неколку, веќе имаме констатирано дека доцнат. Тоа и не е така лошо, ако се има предвид дека се наоѓаме на половина од предвиденото време, но исто така, ова треба да претставува и предупредување за поголем фокус, како на Владата, така и на администрацијата кон имплементација на мерките од Планот 3-6-9“, истакна заменик-премиерот, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на денешниот 36 состанок на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ).

Покрај Османи кој е претседател и на РКЕИ, на состанокот на Kомитетот што се одржал по неколкугодишна пауза, присуствувале и државните секретари на министерствата, претседавачите на поткомитетите, раководителите на работните групи, Генералниот секретар на Владата, и дел од администрацијата на Секретаријатот за европски прашања.

Пред присутните, Османи ја потенцирал одговорноста на улогата на членовите на РКЕИ за фокусот врз предложените реформи и најавил дека во интерес на подобра координација и управување со процесот на европските интеграции, состанок на РКЕИ ќе се одржува најмалку еднаш во два месеца, или и почесто. Османи најавил и реактивирање на Поткомитетот на РКЕИ, кој ја следи легислативната агенда на Владата за сите акти кои се поврзани со процесот на европска интеграција, како и на сите работни групи кои ги покриваат 33-те поглавја на европското право, во кои членуваат околу 800 административни службеници.

„Ние како Влада, на пример, имаме реализирано преку десет мерки, како што е одлуката за стопирање со владините реклами во медиумите, како и одлуката за формирање на Совет за спроведување на реформите во правосудството. Сепак, доцниме со мерките за спречување на користењето на државните ресурси за време на изборниот период, нешто што според Планот досега требаше да биде реализирано, а секако и изборите се ближат“, истакна Османи.

Османи го потенцирал и доцнењето на Собранието, каде не е започната инклузивна дискусија за избор на модел за реформа на системот за следење на комуникациите, и избор на член на Уставниот суд кому му престанува мандатот.

Tags: владаОсманиРаботен комитет за европски интеграцииреформиСобраниеФокус
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ