• Latest

Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот

November 15, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Османи: На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок за тоа како ќе се изјаснат на пописот

November 15, 2023 19:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На Македонците во Албанија никој не може да им прави притисок ниту да влијае како ќе се изјаснат на пописот, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-Во однос на пописот во Република Албанија, како што знаете, јас имав во неколку наврати јавни настапи. Прво, МНР со соопштение ги повика сите Македонци да се попишуваат така како што се чувствуваат затоа што никој не може да им прави притисок, ниту може да влијае како тие ќе се попишат и во однос на тоа како се чувствуваат. Се разбира дека имавме комуникации и со албанските власти, нашата Амбасада е активна во тој дел, не само со општините, не само со македонското национално малцинство, туку и со Владата и се надевам дека секој граѓанин го искористил своето право и се попишал така како што се чувствува, рече Османи на новинарско прашање во врска со реакциите на македонската заедница во Албанија дека се соочиле со одредени притисоци од Бугарија во однос на тоа како ќе се попишат на Пописот, пренесува МИА.

Лидерот на партијата на Македонците во Албанија – МАЕИ, Васил Стерјовски во изјава викендов на Семакедонската средба во Штип, рече дека македонското население за време на пописот се соочиле со големи притисоци од Бугарија и дека тоа го дозволила Албанија.

Тој кажа дека сите регистрирани неправилности и обиди за влијанија за време на пописот ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата, но, според него, до тој момент властите во Тирана немаат преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и во самиот процес на попишување.

Притисок, вели, се правел на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ. Побарале и да се продолжи Пописот на населението во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население, но, вели Стерјовски, од Владата на Албанија, иако ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување во Мала Преспа, се уште немаат добиено ништо официјално.

Tags: АлбанијаМакедонциОсмани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ