• Latest

Левица со осуда на поддршката за газењето на демократијата во Турција

July 15, 2017
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: руската агресија против Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица со осуда на поддршката за газењето на демократијата во Турција

July 15, 2017 17:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прославата на труската амбасада и присуството на претставници на Владата по повод годишнината од крвавите настани во Турција, ја осуди и Левица, која во своето соопштение нагласи дека не смее да се дозволи туѓа пропаганда и удар на демократијата на сопствено тло.

„Левица најостро го осудува присуството на владини претставници на пропагандниот настан организиран од турскиот режим, во Скопје, по повод годишнината од државниот удар во Турција. Воедно, Левица изразува чудење со колкава леснотија новата Влада заборави на важноста на борбата за демократија, борба преку која таа дојде на власт. Многу лесно е да се игнорира борбата на другите за слобода, многу лесно е да се коленичи пред моќник кој ја гази демократијата. Многу е лесно, но е далеку од исправно! Принципите не смеат да служат како помошно средство некој да се докопа до власта. Принципите мора да бидат водилка во политичкото делување! Доста ни е од дволичност во политиката!

Недозволиво е една суверена земја да дозволува туѓа пропаганда на сопствена територија! Македонските градови беа преплавени со билборди преку кои се искривува вистината, преку кои се тврди дека демократијата победила во Турција. За потсетување, по контроверзниот државен удар, Ердогановиот режим спроведе масовна чистка на неистомислениците, при што 150.000 луѓе ја изгубија својата работа, а 50.000 завршија во затвор. Така ли ‘победува’ демократијата?! Левица најостро го осудува немањето никакви стандарди во трката за профит на газдите што стопанисуваат со билбордите и локалните власти кои им овозможуваат на овие газди – за профит да бидат мегафони на пропаганда на друга држава.

Левица ја изразува својата поддршка на сите борци на слобода и социјална правда во Турција, особено на оние што гнијат во Ердогановите затвори. И им посакуваме успех во борбата против авторитарниот режим. Груевски не беше вечен, нема да биде ниту Ердоган!“, стои во соопштението на Левица.

Tags: ЕрдоганЛевицаосудапрославатурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ