• Latest
Фото: Wikimedia commons

Осум години по нападот врз „Шарли Ебдо“, псевдоновинарството ги става во опасност карикатуристите

January 9, 2023
Фотомонтажа: ХИМАРС фото Д. Мишев.Гутков фото: Killed in Ukraine/X

Русија потврди: Заменик-командантот на руската морнарица убиен во украински напад во Курск

July 3, 2025
Фото: ВИ

24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на FoxNews објавено од Антон Герашченко на Х

Марк Руте: Лавров е министер за надворешни работи на Русија од времето на Исус, ништо корисно не излезе од неговата уста оттогаш

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Хамас задоволен од гаранцијата на САД за разговори за прекин на војната во Газа, примирјето на повидок

July 3, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Посмртните останки на седум жртви од геноцидот ќе бидат погребани во Меморијалниот центар за Сребреница во Поточари

July 3, 2025

Се отстранува „македонски идентитет и јазик“ во извештајот на ЕП за Северна Македонија, за Мицкоски тоа е „талибански начин“, за СДСМ премиерот е крив

July 3, 2025
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

July 3, 2025
фото: Цивил

Поради ниските плати луѓето земаат боледувања за да работат и друга работа

July 3, 2025

Косовското собрание не успеа да се конституира по 41-ви пат, граѓанското општество протестира, некои донесоа магариња

July 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Осум години по нападот врз „Шарли Ебдо“, псевдоновинарството ги става во опасност карикатуристите

January 9, 2023 12:04
in КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

На 7 јануари 2015 година, канцелариите на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ беа цел на терористички напад. Пукањето во „Шарли Ебдо“, како и серијата терористички напади што ја потресоа Франција, и целиот свет во тој јануари 2015 година, ги одземаа животите на 17 лица, вклучително и 11 новинари и безбедносни лица во канцелариите на списанието во париз. Овој терористички чин го фокусираше вниманието на заканата од милитантниот ислам, но одговорот на нападите од Французите беше генерално солидарност, а не одмазда.

Осум години подоцна, на 4 јануари 2023 година, сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ објави специјален број посветен на „мула“, особено насочен кон Али Хамнеи, духовниот водач на Иран од 1989 година. Бројот содржи, покрај вообичаената содржина, и 35 карикатури, победниците на конкурсот наречен „Мула оди си.

Фото: Насловна страна на Чарли Ебдо/ cartoonmovement.com

Емануел Дел Росо во едиторијалот на Картун Мувмент пишува: Ова е едиторијал за лошото новинарство и „Шарли Ебдо“. Но, – извинете што ќе ве разочараме – тоа не е уште една скандал насочен кон францускиот сатиричен магазин. Приказната е друга, а се одвива во Италија.

Една од 35-те избрани карикатури е реализирана од италијански уметник Паоло Ломбарди. Карикатурата се појавува и на насловната страница на изданието, бидејќи е прилично напорно дело, во склад со стилот на „Шарли Ебдо“. Потоа видов дека делото на Паоло стана вирално, објавено и повторно објавено на интернет, користено и за поддршка на каузата на иранските демонстранти и за навреда на Паоло и Шарли Ебдо.

Фото: карикатура на Паоло Ломбарди/ cartoonmovement.com

Очигледно, објавувањето на тие карикатури не му одговараше на иранскиот режим. Беа дадени официјални изјави и закани со одмазда. Сите се сеќаваме што се случи во 2015 година во канцелариите на „Шарли Ебдо“ и, пред тоа, во 2005 година, контроверзноста што ја предизвика данскиот Jyllands Posten со серијата карикатури против пророкот Мухамед, потсеќа Дел Росо.

Сега повторно, како пред 8 години, ситуацијата е напната и прилично нестабилна.

Само, овој пат, причина за тоа не се само исламските милитанти. Нестабилноста , во лов на кликови, ја подгреваат и неколку медиуми,

Возење на вестите за еден куп кликови

Среде ваквите полемики, италијанските весници и ТВ канали како La Stampa, SkyNews24, Open, La Nazione и други помали медиуми, објавија написи во кои објаснуваат дека карикатуристот Паоло Ломбарди добивал закани и дека сега е под полициска заштита.

Секако, допрев до него за да му ја дадам мојата поддршка. Згора на тоа, еден од моите цртани беше избран и од Charlie Hebdo, а моето семејство беше загрижено за ситуацијата. Имав желба да разговарам за тоа со него, да слушнам како се одвиваат работите и можеби да побарам совет. Исто така, му предложив да контактира со Cartoonists Right Network International, непрофитна организација која работи на безбедноста на карикатуристите, објаснува Дел Росо. На мое големо изненадување, Паоло ми рече дека сето тоа е лажно.

Ломбарди потврдил дека никогаш не му се заканувале и никогаш не зборувал со весниците кои објавувале стории за тоа дека е во опасност.

Но, има изјави од вас, реков! Ми рече дека ги земале од интервјуто што го дал вчера за еден мал локален весник, при што апсолутно никогаш не рекол дека му се заканувале, вели Дел Росо.

Тој сега се обидува да ги натера медиумите да ги повлечат или да ги изменат своите дела, јасно напишани за клик-бајт и да водат полемика која – ако некогаш постоела – не ѝ припаѓа ни на Италија.

Во разговор на Фејсбук со Дел Росо, Паоло категорички негира дека му се заканувале:

„На новинарите што ми се јавија дека треба да објават им кажав дека никогаш не ми се заканувале, но тие не го направија тоа… Ним им е важно само да го интервјуираат карикатуристот во опасност… ме доведуваат во опасност со своите написи .“

Ова псевдоновинарство ги става во опасност карикатуристите

Да се биде карикатурист е тешко, тоа е тешка професија.

Медиумите редовно објавуваат карикатури, но повеќе не ангажираат карикатуристи како персонал во редакциите, па затоа не се таму да помогнат, во случај некој карикатурист да биде загрозен или нападнат – физички или вербално.

Карикатурите стануваат вирални, понекогаш дури и се менуваат, понекогаш се објавуваат и дискутираат на платформи посетувани од радикализирани поединци. Платите се мали, заштитата не постои. Во многу земји карикатуристите не се сметаат за новинари, иако се изложени на сите ризици со кои се соочуваат новинарите.

А потоа, згора на сето ова, има и „псеудо“ новинарство. Оној што измислува вести за да ги покрене брановите на медиумска виралност, да донесе малку повеќе корисници на веб-страниците на весниците, да продаде уште неколку примероци, да добие малку поголема видливост. А на врвот на псеудо новинарството, има и новинари кои земаат лажни вести и ги реобјавуваат, искористувајќи ги и изложувајќи ги авторите.

На Паоло никогаш не му се заканувале и никогаш не зборувал со весниците кои објавувале стории во кои тврдат дека тој е во опасност. Тој се обиде да ги натера да ги сменат написите, но тие не слушаат, потенцира Дел Росо.

Сочната вест е дека сега италијанскиот карикатурист е во центарот на ситуацијата во која се вклучени слободата на печатот и режимот на земјата која лесно може да се хаштагира, со многу јасен потенцијал да стане вирален.

Не е важно дали Паоло, или кој било друг карикатурист, всушност е доведен во вистинска опасност од лажното новинарство. Неговото име и лик сега се насекаде, а тоа дефинитивно може да го привлече вниманието на радикализираните поединци.

Тој сега е потенцијално во опасност поради ваквото псевдоновинарство.

Некој треба да направи карикатура за ова. Или уште подобро, треба дасе отвори конкрс: „Псевдо-новинари, одете си“.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ