• Latest

Отчетност на Владата според критериумите на опозицијата

June 2, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отчетност на Владата според критериумите на опозицијата

June 2, 2018 15:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почнувањето со изградба на експресниот пат Штип – Радовиш е можеби вест на денот, но во фокусот на јавноста остана присуството на премиерот Зоран Заев при увид на почетокот на градежните работи на патот  и неговите изјави за текот на преговорите со името и најавениот протест на опозицијата во 20 часот вечерва.

Заев потврди дека сè уште не контактирал со Алексис Ципрас и дека не сака да зборува сè додека не се прецизираат сите детали околу решение на конечниот предлог за името на државата. Со оглед дека се шпекулира за Република Северна Македонија, па медиумите го искористија присуството на премиерот на увидот на изградба на експресниот пат да прашаат и за прифатливоста на овој предлог и зошто најголемиот дел од информациите за преговорите доаѓаат од грчки медиуми.

Заев одговори дека самиот процес на прeговорите е чувствителен и дека не би шпекулирал до разговорот со Ципрас, а до остварување на тој телефонски разговор ќе дојде откако ќе се помине целата материја на која работат повеќе луѓе.

За вечерашниот протест на опозицијата, Заев кратко истакна дека имаат право да протестираат и дека ќе ги слушне нивните пораки.

ВМРО-ДПМНЕ го најави протестот пред Владата напоредно со лидерската средба, по остварената средба Заев-Ципрас во Софија на 17 мај.

Во денешното соопштение тие повикаа уште еднаш на протест вечерва во 20 часот и тоа против „криминалот и корупцијата на власта, против  аматеризмот во водењето на  државата и расфрлањето со државните интереси“.

Од СДСМ потсетија, чисто информативно за граѓаните, во пресрет на протестот, дека Христијан Мицкоски, наследникот на Никола Груевски  досега ниту еднаш не се оградил од криминалните политики на неговиот претходник, досега не се извинил на граѓаните за пустошот во економијата, за нивното 11 годишно осиромашување, за поделбите и кризите кои како наследство им ги остави ВМРО-ДПМНЕ и дека очигледно не поседува капацитет вистински да ја рефомира партијата и да ја надмине матрицата на Никола Груевски.

„Со таквото однесување, ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на криминалот на Груевски и фамилијата наместо да понуди реални политики во интерес на граѓаните и да се вклучи во реформскиот процес“, стои во денешното сооптение на вјадејачката партија.

А по жешки, целовечерни, вербални пресметки, конечно вчера се реконструираше Владата на Република Македонија.  Собранието избра четворица нови министри во Владата. За нова министерка за правда е избрана Рената Дескоска, за министер за образование и наука Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути.

Останува да се проследи протестот на опозицијата, да се пребројат истомислениците, по чиј број ќе се одлучува за неговата успешност, да се пренесат пораките, да се слушнат одговорите на Заев  и ако треба да се реагира.

Во меѓувреме сообраќајот уште сега е затворен пред Влада. Од 20 часот за сообраќајот ќе се затврои и мостот „Гоце Делчев“, а за јавните градски превозници останува на располагање улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“ во двете насоки.

Биљана Јордановска

 

Tags: владаЗоран ЗаевимеопозицијаПротестреконструкцијаСДСМ
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ