• Latest

Откако ја обвинија за фалсификат, судијката ги казни Јанева и Фетаи со 4.000 евра!

February 22, 2017

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Откако ја обвинија за фалсификат, судијката ги казни Јанева и Фетаи со 4.000 евра!

February 22, 2017 12:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Аудио и видео записите, кои законски имаат право да ги побараат засегнатите страни во случајот, се непобитен доказ дека тоа што е наведено во записникот од првото рочиште за насилството во Општина Центар, за кое се гони поранешниот премиер Никола Груевски, не ја претставува реалната ситуација, односно дека се работи за фалсификуван записник“. Ова е ставот на обвинителките од СЈО Катица Јанева и Фатиме Фетаи.

На денешното, второ рочиште за случајот „Насилство во Општина Центар“ во кој е обвинет лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, обвинителките Јанева и Фетаи  беа казнети со по 2.000 евра, откако ја обвинија судијката Татјана Михајлова, дека направила фалсификат на записникот од минатото рочиште.

„Во делот на исклучување на јавноста, судијата направил интелектуален фалсификат и дел од новинарите кои бевте присутни на првото рочиште, знаете дека кога јас се произнесов по однос на употребливоста на материјалите од прислушуваните разговори, новинарите беа исклучени. Кога се вративте, судијата на тивок глас прочита што беше кажано. Во записникот е наведена обратна ситуација, дека јас сум се произнела во присуство на јавноста и пред одбраната на обвинетиот и дека јавноста била исклучена единствено кога се слушале аудио снимките, што не е точно. Има и други работи кои се невистинито внесени во записникот, затоа ја бараме снимката од судењето на која имаме право, согласно одредбата од член 374 од Законот за кривична постапка, во рок од 24 часа, а од 16-ти декември до денеска е поминат подолг временски период. За ваквиот интелектуален фалсификат кој е направен од судијата, има предвидена соодветна кривична норма која го санкционира ова поведение, а предвидени се и други постапки, за кои ќе информираме дополнително“, изјави Фатиме Фетаи.

„Фактичката состојба не соодветствува со записникот кој ни е доставен, а имаме право на аудио и видео снимка која не ни е доставена. Подготвуваме пријавата, само не знаеме зошто предметот ќе го праќаат во Советот на јавни обвинители, тоа е смешно. Прво треба да го пратат во Судскиот совет да се произнесат за нејзината работа, а потоа за нашата. Ние ќе го известиме Советот за оваа работа и ќе се жалиме. Апелациониот суд не може да ни ја одземе надлежноста, затоа што ние имаме снимки, а ако продолжат со такво однесување и ние имаме механизми“, истакна Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

По рочиштето, обвинетиот Груевски  изјави дека „ова не е судење, туку театар“, и веднаш си замина.

На лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  му се суди за поттикнување на насилство и нарачување на шлаканици за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски. Обвинети се и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште 11 други лица.

Судењето е одложено за 10 март.

Tags: записникказнаКатица ЈаневарочиштеСЈОсудењеТатјана МихајловафалсификатФатиме Фетаи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ