Студиото за тетовирање во рускиот Бијск беше претставено како украинско од руската пропаганда, пренесува Укринформ.
Руските мас-медиуми, Телеграм каналите и Z-акаунтите на Твитер шират фотографија од студио за тетовирање, наводно украинско, наречено „Tattoo-Master“, со надворешен знак кој нуди „да се отстрани свастиката по половина цена“ за оние кои заминуваат во земјите од ЕУ. Оваа фотографија стигна дури и на полски форум.
Original tweet for posterity. pic.twitter.com/TDOGr4i04l
— ʀᴀɢɴᴀʀ ʀᴏᴄᴋ ᴄᴀᴘɪᴛᴀʟ (@ragnarrockcap) January 13, 2023
Тоа е измислена слика.
Вистинското име на студиото за тетовирање е TATTOOIROGRAF и се наоѓа не во Украина, туку во рускиот Бијск во Алтајскиот крај. Оригиналната слика го има само името на студиото за тетовирање на неговиот надворешен знак.
Дополнително, руските пропагандисти погрешно го напишале украинскиот збор „акција“ (промотивна понуда) и наместо тоа ставиле руски збор.
Подготви: Д. Мишев