Се молат истакнатите лидери на Движењето Рекетирам да не го спомнуваат моето име ниту директно ниту индиректно во нивните битки за тронови. Немам намера да влегувам во промашени дискусии и дебати за фотелји. Вашите „народни судови“ не ме плашат. Напротив, ме мотивираат уште повеќе да пишувам за структурните проблеми во културата. А не да се борам за пари и децениски привилегии.
Моето место и простор во културата си го градев и го градам сам, и покрај речиси 3 децении целосно игнорирање од институциите, без ниту еден државен денар. Зад мене има неколку албуми, десетици песни, десетици организирани концерти и фестивали како дел од тимовите на Фридом Караван и Пис Анлимитед, Боб Марли деј, зад мене е Лајф радио во чие создавање учествував. Зад мене се 5 светски компилации на кои има песни од мојот бенд. Повеќе од 25 години уметничка кариера и работа. Секогаш игнориран, прескокнуван, заобиколен од вашите „кругови“ , институции, фестивали, но секогаш сакан од луѓето кои препознаваат што е што.
Начинот на кој ме „пречекавте“ додека бев посебен советник за култура само ми ја потврди вашата „љубов“ кон мене. Вашата површност и преокупираност со лични, парцијални и клановски интереси, сите тие хајки, навреди, начинот на кој се обидувате да ме вовлечете во вашите приземни битки, само ми го зголемува мотивот да се борам против вас.
Затоа, за утре, бидејќи тоа е сега модерно, ви најавувам ново писание од моите текстови, во кои нема да се бавам со вашата кал и приземни амбиции, туку со суштината. Утре темата ми е МКЦ, дали имаме младински културен центар, центар на независната култура, по малку од двете или ни едното од двете? Структурно, ем културно.
#ProektnaAlternativa
#KulturniReketari
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.