• Latest

Отворени 46. Мајски оперски вечери

May 10, 2018
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Отворени 46. Мајски оперски вечери

May 10, 2018 07:25
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со звуците на Триумфалниот марш од Вердиевата „Аида“ и со традиционалниот фестивалски оган кој синоќа го запали првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова, во Македонската опера и балет свечено беа отворени 46. Мајски оперски вечери. 

Пред почетокот на првата претстава од програмата – премиерата  „Боеми“ од Џакомо Пучини, во фоајето на МОБ се обрати премиерот Зоран Заев. Настанот го поврза со Денот на Европа и рече дека како домаќин на гости од повеќе земји од регионот и Европа, фестивалот испраќа силна порака за здружување на различностите.

заев

– Цело е кога има се, а културата го знае најдобро тоа што политиката се обидува да го прави – да зближува, да разбира, да почитува, да негува, да гради мостови на пријателства, на доверба и на иднина. Затоа, мојата порака е: да слушнеме што воспеваат Мајските оперски вечери од Скопје, што не прави достоинствени – тоа е непроценливото богатство на различностите споени во едно. Тоа е нашата заедничка европска иднина, истакна претседателот на Владата прогласувајќи го фестивалот отворен.

Мајските оперски вечери со сите подеми и падови во речиси половина век постоење сепак успеаја, рече Заев, да останат верни на својата базична идеја за космополитизам.  Таа своја одлика Вечерите ја имаат и на годинашното издание зашто во програмата учествуваат уметници од Бугарија, Австрија, Италија, Босна и Херцеговина…

Годинава фестивалот е во знакот на 160 години од раѓањето на Пучини и се одржува  под мотото „Го славиме Пучини“. Операта „Боеми“ се враќа на сцената на МОБ по пауза од 11 години. Режисер на обновената премиера е  Дејан Прошев, диригент Џанлука Мартиненги од Италија. Во улогите се 12 оперски солисти, а настапува хорот и оркестарот на МОБ.

боеми

Оваа опера на Пучини во четири чина е по либрето на Луиџи Илика и Џузепе Џакоса кое се базира на романот „Животот на боемите“ од Хенри Мургер. Во сижето е трагична љубовна приказна во Париз на крајот на 19 век. Светската премиера на „Боеми“ била во Торино во 1896 година. „Боеми“ во Македонската опера и балет првпат е изведена во 1950-та, а прва изведба на Мајските оперски вечери имала во 1999 година.

В.д директорот на МОБ Ќазим Асотиќ на отворањето рече дека новата премиера „Боеми“ е целосна продукција на МОБ. – Сите перики, костими, декор и реквизити беа изработени во нашите работилници и од наши мајстори, што е огромен успех за нашата куќа, рече Асотиќ.Сценографијата е на Зоран Николовски, костимграф е Марија Пупучевска.

мов

До крајот на месецов на фестивалот ќе бидат изведени уште четири опери – „Тоска“ и „Турандот“ од Пучини,  „Змејот од Босна“ (гостување на повеќе од сто учесници од Националната опера на Босна и Херцеговина) и „Аида“ од Џузепе Верди на затворањето на 31 мај. Ќе има и два гала-концерта – „Балетски бисери“ и „Пучини&Росини“, како и придружна програма со изложби и промоции на книги. (МИА)

Tags: Мајски оперски вечериМОБ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ