• Latest

Јовановиќ: Македонија е европски рекордер во сиромаштија!

April 23, 2017

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026
Фото: Антон Препелицjа

На која страна си ти?

October 3, 2026

Од Кукла и Некст Тајм до Дон Џони: Зошто Македониумот сега стана политички скандал?

October 3, 2026
Насловна страница: Црвените во инвазија на Полска (Chicago Sunday Tribune, 17 септември 1939)

„Заштита на малцинствата“ како алиби за агресија: Од Полска во 1939 до Украина во 2022

October 3, 2026
Роберт Рајх (Wikipedia)

Роберт Рајх: Случајот Корнел и мизогинијата во ерата на Трамп

October 3, 2026
Урсула фон дер Лајен во Скопје, 2 октомври 2026 (фото: vlada.mk)

Реакции од спротивните страни на политичката палета: Каранфилова Пановска и Андонов по посетата на Фон дер Лајен

October 2, 2026

Фон дер Лајен дојде и си замина: Што остана по љубезната размена на комплименти?

October 2, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Ученички бунт ја тресе Франција: „Не нè слушаат“

October 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Јовановиќ: Македонија е европски рекордер во сиромаштија!

April 23, 2017 10:41
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Бранимир Јовановиќ, професор на Институтот за општествени и хуманитарни науки, по неговиот Фејсбук коментар за рекламата за кредитирање на граѓаните од „Форца“: „ Дружба си е дружба, ‘Форца’ си е лихва. Одобрена од Министерството за финансии“, а во контекст на егзистенцијалната неминовност на дел од граѓанките и граѓаните, и од ваков финансиски ризик. Со Јовановиќ разговаравме и за социјалната правда и за состојбата на работничките права во Македонија.

„Македонија има голема социјална неправда затоа што имаме рекордна сиромаштија во Европа. Околу 9% од луѓето што живеат во Македонија, живеат со околу 60 денари на ден. Тоа е доволно само за леб и млеко“, ни изјави Јовановиќ, дефинирајќи ја социјалната правда во Македонија, во споредба со земјите во регионот.

Коментирајќи го својот Фејсбук статус за рекламата за кусорочни кредити, Јовановиќ го постави прашањето за потребата од постоење на финансиски друштва, кои голем дел од граѓаните во Македонија ги доведуваат во ситуација на должничко ропство.

„Сиромаштијата кај нас е толку сериозна, она што велиме – ‘ножот е дојден до коска’ и затоа луѓето се приморани да користат вакви лихварски услуги. ‘Форца’ и останатите се на некој начин продукт на таа социјална неправда“, ни рече Јовановиќ.

Јовановиќ зборува и за заштита на рабтничките права и за разликите меѓу странските и домашните инвеститори кога станува збор за спроведување на законските мерки за работа.

„Може да се каже дека состојбата во текстилните фабрики е многу полоша, отколку во странските инвестиции. На пример, некоја работничка, затоа што шефот не бил задоволен од неа, ја заклучил во некоја просторија и не ја пуштал да излезе?! Тоа е класична и незамислива тортура во денешно време“, ни изјави Јовановиќ, наведувајќи низа примери за прекршувањето на работничките права во Македонија.

За крај, вината за ваквиот степен на сиромаштија, за легалното „лихварство“ и за грубото кршење на правата на работниците, Јовановиќ ја гледа, пред сѐ, во надлежните институции преку спроведување на законските рамки во делот на финансиите и на трудовите и социјални политики.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

[divide]

Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: „Општество без граници“Бранимир Јовановиќработнички правасоцијална правдаФорцаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ