• Latest
Добро утро со Орданоски

Овој Пиреј е за корнење!

April 1, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Овој Пиреј е за корнење!

April 1, 2019 06:01
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

„[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]O[/dropcap]вој народ е пиреј, колку и да нè корнете, нема да нè исчистите, ќе останеме и ќе се бориме“, му порачал некни Мицкоски на Заев, непосредно вратен од Виена, на пропатување низ Будимпешта, гостувајќи на трибина на својата партија во Струмица. А пред тоа сличен абер пратил и од Валандово, од друга партиска трибина.

Кој зборува уште вака, во 2019 година?! Ѓомити професор на машински факултет?!

Во време на вештачка интелигенција, на алтернативни извори на енергија, на нано-технологии, на глобални комуникации, на виртуелни идентитети, на роботизирани индустриски производства, на софтвери за автоматизирани процеси, на беспилотни летала и возила со автономни управувачки системи, на бионички екстремитети и вештачки срца, на напреднати планови за туристички посети на Месечината, на видео игри во четири димензии и на џебни мобилни телефони со процесори посилни од оние на целата мисија на Аполо… Кој модерен политичар за својот народ уште ги употребува метафорите за таа троскотна трева што ја пасат магарињата и овците, кои функционираа во поезијата на Петре М. Андреевски пишувана пред педесет години, опишувајќи ги времињата пред стотина години, кои немаат никаква употребна вредност за некаква современа политичка платформа што треба да се натпреварува со предизвиците на модерниот свет?

Атанас Вангелов беше побрз од мене и пред викендов му одржа брилијантна лекција на Мицкоски за погрешното расфрлање со метафората за пирејот – „меч со две сечила“ – потсетувајќи го, меѓу другото, дека во модерната цивилизација тој не се корне со раце, туку се ништи со евтини хемикалии што се раствораат во вода. Пирејот и европските вредности – „тотален анахронизам“, што би рекол Вангелов.

Навистина, зошто нашите патетични, оперетски, здодевни националисти не сакаат својот народ да го видат барем како „англиска трева“, ако веќе не и како сплет од расцветани бугенвилии или бел јасмин со опојна миризба во рајска градина? Зошто секогаш народот го доживуваат само како бескорисен пиреј, вечно згазнат и залегнат на земја, по мешечки, без желба да се вивне угоре, глава да крене, да се расцвета, сонце да го огрее, ветре да го разлади?

Нивната интерпретација е дека пирејов од народ имал длабок, „библиски“ корен, па е трајно свртен надолу, вечно чепка во минатото, нема време и желба да се занимава со иднината, оти е постојано загрозен, сè некој баш него сака да го искорне, да го исчисти, но ние „ќе останеме и ќе се бориме“, што би рекол Мицкоски, за правото да ползиме по земја, ама со длабок корен!

Ех, кога ќе се сетам дека пред десетина години Груевски и Ставревски ветуваа Силиконска долина во Македонија, дека потрошија стотина милиони за „компјутер за секое дете“ и одеа по најзафрлените села, на врвови на планини, да отвораат интернет кафулиња… Ветуваа од електронска наплата на патарини, до чипирани здравствени легитимации… Пари не се штедеа ни за најсофистицирани системи за следење на комуникациите… Кои полетни, постмодерни, технократски времиња беа тоа!

Каков пиреј, будали!? На кој пиреј можеш да заработиш 15 посто провизија? Ајде назад во Будимпешта, ама овој пат со запишување, не со памтење, за да не се тресат глупости по кампањава!

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

 

Share724TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ