• Latest

Пакистан му порача на Иран дека сака да ја смири ситуацијата по прекуграничните напади

January 19, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Пакистан му порача на Иран дека сака да ја смири ситуацијата по прекуграничните напади

January 19, 2024 20:34
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пакистан изрази подготвеност да соработува со Иран за сите прашања за време на разговорот на шефовите на дипломатиите на двете земји, кои неодамна со беспилотни летала и ракети нападнаа бази на милитантите преку границата.

Нападите од двете земји се најсериозните прекугранични упади во последниве години и ги поттикнаа стравувањата од ширење нестабилноста во регионот, веќе напнат поради војната меѓу Израел и Хамас.

Иако Иран и Пакистан имаат историја на тензични односи, двете страни сега изразија подготвеност да ги намалат тензиите.

Кабинетот на пакистанскиот министер за надворешни работи, Џалил Абас Џилани, соопшти дека тој вчера разговарал со неговиот ирански колега Хосеин Амир- Абдолахиан, еден ден откако Пакистан изврши напади на иранска територија.

Иран соопшти дека девет лица, меѓу кои четири деца, беа убиени во нападот на погранично село на негова територија. Пакистан, пак, соопшти, дека две деца беа убиени во иранскиот напад во вторникот.

Министерот Џилани ја изрази подготвеноста на Пакистан да работи со Иран за сите прашања во духот на взаемна доверба и соработка, се наведува во соопштението на пакистанското МНР.

Џилани ја истакна потребата од посилна соработка во безбедносните прашања, се додава. Пакистанскиот министер претходно изјави дека Пакистан нема желба или интерес за ескалацијана судирите.

Исламабад објави дека ги погодил базите на сепаратистичкиот фронт за ослободување на Балуџистан, додека Иран со беспилотни летала и проектили ги гаѓал милитантите на групата Џаиш ал Адл.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги повика Иран и Пакистан да покажат максимална воздржаност, а истото го направија и САД, при што претседателот Џо Бајден кажа дека овие конфликти покажуваат дека Иран не е фаворит во регионот.

Tags: ИранПакистан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ