Пакистанскиот суд во петокот ги осуди веќе затворениот поранешен премиер на земјата Имран Кан и неговата сопруга на 14 и седум години затвор, откако ги прогласи за виновни за корупција, соопштија официјални лица и неговиот адвокат.
Според Си-ен-ен, двојката е обвинета дека прифатила подарок земја од тајкун со недвижнини во замена за испрани пари кога Кан бил на власт.
Обвинителите велат дека на бизнисменот, Малик Риаз, тогаш Кан му дозволил да плати парични казни што му биле изречени во друг случај од истите испрани пари, 190 милиони британски фунти (240 милиони американски долари), кои британските власти му ги вратиле на Пакистан во 2022 година за да ги депонира до националната каса.
Кан негираше дека сторил нешто лошо и инсистираше од неговото апсење во 2023 година дека сите обвиненија против него се заговор на ривалите да го спречат да се врати на функцијата.
Подготви: Д. Мишев