ЦИВИЛ ќе одржи панел дискусија на која ќе се отвори прашањето за постојаната дискриминација на општина Шуто Оризари од страна на институциите, на 13 септември (утре), со почеток во 11 часот, во ЦИВИЛ прес студиото кај бизнис центарот Палома Бјанка.
Тема на панелот ќе биде денешниот протест на жителите на Шуто Оризари, кој ќе се одржи во 18 часот пред Град Скопје, на кој граѓаните ќе го изразат своето незадовослтво од системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје.
Организаторите на протестот ги наведоа следниве прашања со кои ќе се обратат до Советот и раководството на Град Скопје:
1. До кога само граѓаните на Шуто Оризари ќе се корисници на недостојни автобуси, нередовни и нецелосни линии на јавниот превоз?
2. До кога граѓаните на Шуто Оризари ќе чекаат изградба на паркови и зелени површини?
3. До кога граѓаните ќе чекаат изградба на булевари и во општина Шуто Оризари?
4. Кога ќе се вработат Роми во администрацијата на град Скопје?
Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.