• Latest

Панел дискусија на ЦИВИЛ: „Обезглавена Македонија“

January 13, 2017

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Панел дискусија на ЦИВИЛ: „Обезглавена Македонија“

January 13, 2017 21:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката состојба во која што во моментов се наоѓа Репубика Македонија е сложена. Речиси извесно е дека ДУИ нема да состави нова влада со ВМРО-ДПМНЕ. Но, мора да се има предвид и фактот дека лидерот на ДУИ, Али Амхети, во сите години од политичкиот брак со ВМРО-ДПМНЕ, не работеше на реализација на охридскиот Рамковен договор, потпишан во 2001 година. Според дел од панелистите, на денешната дискусија „Обезглавена Македонија“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, одговорноста ќе остане на СДСМ, која најверојатно ќе формира нова Влада со ДУИ, за по две години, да има нови предвремени парламентарни избори.

Но, дотогаш СДСМ мора зрело да ги повлече сите потези, за да Македонија се врати на демократскиот пат и да ги зајакне институциите. Од друга страна, Македонија е оддалечена од евро-атланската агенда, којашто за досегашната коалиција на власт, беше повеќе декларативна определба. За повторно враќање на евроатланскиот пат, којшто, патем, е неминовност за Македонија и политички и геостратешки, неопходно е да се договори заедничката визија на новата влада, а потоа и нејзните приоритети. Зашто, Македонија по формирање на новата влада, ја чека повторно напорна агенда со многу предизвици.

Ова главно се поентите од денешната панел дискусија „Обезглавена Македонија“, што во рамките на проектот „НАПРЕД!“ ја организираше ЦИВИЛ, во скопскиот хотел „Сити Парк“. Хаштагот на денешната панел-дискусија беше #одглавена, а панелисти беа д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и универзитетски професор, д-р Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика и Рамадан Рамадани, универзитетски професор и колумнист во неделникот „Фокус“.

IMG_2615
Панел дискусија „Обезглавена Македонија“

Пред претставници на амбасадите, на  политичките партии, пред активисти од граѓанскиот сектор и претставници на медиумите, медијаторките на денешната панел-дискусија, Диана Тахири и Марија Теговска ги отворија трите актуелни прашања: „Коалициски комбинаторики“, „Етнички (дис)баланс“ и „Дали ЕУ и НАТО се опција за Македонија?“.

Во своето воведно излагање на темата „Коалициски комбинаторики“, д-р Орданоски рече дека нема дилема дека во Македонија се подготвува влада меѓу ДУИ и СДСМ.

„Патот на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ нема алтернатива. СДСМ треба да биде доволно зрел да возврати, за да дојдеме до една друга Македонија, за која што се залагаме ние во граѓанскиот сектор. Во прашање е само еден театар, кој мора да се истрпи. Вчера, ДУИ излезе со изјава дека нема преферентна партија со која би правел коалиција. Али Ахмети во политичка смисла е историја. Мене ми е многу жал што не замина од политиката кога беше на врвот. Во Македонија за две години, ќе имаме повторно избори“, рече д-р Орданоски.

 

Професорот Рамадани прогнозираше две можни коалициски комбинаторики: „СЈО-Влада или Халкидики- Влада. Првата, СЈО-Влада, е првата реакција на ЕУ, која ја поддржува таквата влада, да ги спроведе реформите и да обезбеди непречена работа на СЈО. И сметам дека тоа е она што нé очекува на крајот на денот или месецот. Втората опција е веднаш да се направи, како и порано, во минатото, да се состави влада од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која поради мистеријата и неразговетноста, ја нарекувам поетично, Халкидики-Влада“.

 

Според д-р Ристевска Јорданова не можеме да се вети брз пристап кон ЕУ.

„Факт е, и покрај тоа што декларативно се става владеењето на правото, дека реално, геополитиката има огромна улога и безбедносните прашања ќе имаат голема улога. Не можеме да очекуваме брз пристап. И самото членство во ЕУ, нема да има таква привлечна моќ, како досега. Останува на нас самите, да се избориме за европски вредности, отколку да очекуваме некој од страна да дојде и да ни ги даде сите решенија“.

Моника Талеска

Tags: ВМРО - ДПМНЕДУИЕУМакедонија обезглавенаМалинка РистевскаНАТОРамадан РамаданиСашо ОрданоскиСДСМЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ