• Latest

Панорамското тркало во Скопје, сепак, нема да се врти?

July 26, 2017
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Панорамското тркало во Скопје, сепак, нема да се врти?

July 26, 2017 11:59
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Агенцијата за електронски комуникации нема да донира пари на сметка на Јавното собраќајно претпријатие „Скопје“ за изградба на Панорамското тркало! Граѓан(к)ите во повеќе наврати го изразија незадоволство од трошењето на енормната сума од 18 милиони ерва за изградбата на Панорамското тркало, особено поради тоа што Скопје се соочува со голем број посуштински проблеми. 

Прашањето за логиката на градење на прескапото тркало беше покренато за време на поплавите кои го зафатија главниот град и кога животот го загубија 22 лица, а беше предизвикана и голема материјална штета.

„Агенцијата со предлог измените на Годишниот финансиски план на АЕК за 2017 година, а поради потребата од пренамена на средства поради новоутврдени потреби, како и распределбата на вишокот од претходната година, согласно член 29 став 8 од Законот за електронските комуникации, во ставката донации нема предвидено средства, па измената ја стави на јавна расправа и истата е објавена на нашата веб-страница“, соопштуваат од АЕК.

ЈСП  како инвеститор е обврзано да го изгради Панорамското тркало, меѓутоа, останува отворено прашањето – од каде ќе најдат средства, односно донации, бидејќи финансиерот АЕК годинава нема да го финансира проектот и средствата ќе ги пренамени?

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски вели дека надлежноста е во рацете на ЈСП. Но, одлуката за изградба на тркалото ја донесе Градот Скопје, уште во 2014 година.

Во меѓувреме, илјадници граѓани се потпишаа на онлајн петиција за стопирање на градбата и таа беше поднесена и до Град Скопје и до Владата, но ни тоа досега. не успеа да ја спречи изградбата на Панорамското тркало. И бројни жители на Скопје кое е на врвот на листата на најзагадени градови во Европа, кои се „осудени“ да го дишат загадениот воздух, пред камерата на ЦИВИЛ Медиа апелираа дека парите предвидени за изградба на Панорамското тркало, треба да се пренаменат.

Според објавените информации, во рамките на објавената петиција, првичните проценки беа дека Панорамското тркало ќе чини 12 милиони евра, но тоа, уште неизградено, според склучените договори, веќе чини над 18 милиони евра!? Рокот за изградба е пет години. Панорамско тркало треба да има дијаметар од 57 метри, а целиот објект ќе се издигне 73 метри над брегот на Вардар.

 

Дехран Муратов

Фото: Вулнет Махмути

Tags: АЕКВардарГрад СкопјеЈСПКоце ТрајановскиПанорамско тркалопоплави
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ