Теофил Панчиќ, новинар на „Време“ и познат српски колумнист, беше еден од говорниците на панел-дискусијата „Допирни точки: Што е Балкан, што се зборува за Балканот и што би можел Балканот да биде“ во рамки на проектот „Точки на среќавање“, во организација на Форум ЗФД и српскиот неделник „Време“.
https://www.youtube.com/watch?v=GA_UqbbuY4Y
„Распаѓањето на Југославија создаде низа од нови етнички малцинства, внатре во сите тие држави. Некои луѓе кои дотогаш биле третирани како граѓани, одеднаш стануваат малцинство, затоа што нивната етничка матрица е во некоја друга од бившите југословенски држави… Создадовме правен факт кој нема врска со реалноста, односно, да постојат, да речеме, посебни јазици кои се наречени српски, хрватски, црногорски и босански или бошњачки. Секој елементарно лингвистички образован човек, знае дека тоа се четири варијанти на еден заеднички јазик со заедничка основа“, изјави Панчиќ, во контекст на можноста од воспоставување на добри релации меѓу етничките заедници и последиците со кои се соочуваат народите во државите кои настанаа од бивша Југославија.
Б.Ј.