• Latest

Папазов: Да ги дефинираме заедничките приоритети, и да ги пронајдеме правците за иднината

October 9, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Папазов: Да ги дефинираме заедничките приоритети, и да ги пронајдеме правците за иднината

October 9, 2023 13:27
in ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе се обидам да отсликам дел од состојбите кои не зближуваат и дел од состојбите кои прават разлики меѓу нас, а кои се една од можностите да се запознаеме меѓу себе, да ги пронајдеме правците во кои треба да одиме во иднина, и да ги дефинираме приоритетите кои ни се заеднички, рече градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов, на почетокот од своето обраќање на јавниот настан „Граѓански дијалози за односите меѓу заедниците: Предизвици и решенија“, што се одржа во Кочани минатата недела.

Папазов говореше за состојбите со меѓучовечките и меѓуетничките односи во општина Кочани, и посочи на фактот дека многу жители се иселиле од општината, што според него е поразителен податок.

„Најчесто се разликуваме по социјалниот статус, по етничката припадност, по припадноста на политичките партии, по половата ориентација, најчесто таму се дефинираат нашите разлики, што е и реално да се прифаќа и да се тргне од тој правец.

Најсуштинските  поделености во општина Кочани е по припадноста на етничките заедници. Во Кочани живеат 87,4 отсто Македонци, 5, 98 отсто Роми, 0,53 се Власи и 0, 43 се Турци. За жал, на претпоследниот попис на населението во 2002 година, во Кочани броеше 38, 000 жители, а со последниот попис од 2021 година, бори 31 илјада и 500 жители. Тоа е еден поразителен податок, и не знам колку тоа ги зголемува разликите и ги намалува, во секој случај, збори за фактот дека ни бега  квалитетно население, работоспособно, кое може да даде свој придонес во унапредувањето и функционирањето на општина Кочани. “, вели Папазов.

Кај ромската заедница најизразени се социјалните разлики вели градоначалникот, додавајќи дека заедно со Министерството за труд и социјална политика склучиле договор за 25 ромски дечиња да бидат вклучени во градинка.

„Првачињата имаат тутори за да го научат македонскиот јазик за да можат да ја следат наставата. Општината издови за сите првачиња по 3.000 денари, а на социјално загрозените семејства им додели и пакет со училишен прибор.

Во однос на домувањето, има неколку семејства кои живеат во субстандардни услови во делот кај Касарната, и правиме напори тие луѓе да добијат сместување. Од повеќе причини тие бараки не се изградени иако има обезбедени средства, но верувам дека до крајот на мојот мандат ќе се изградат тие објекти во одредена локација која ќе биде според ДУП и ќе се реши проблемот на дваесетина семејства“, рече Папазов.

Тој додаде дека општината инвестира во сите маала, и оваа година ја реконструираа водоводната линија и асфалтира неколку улици во ромското маало.

Папазов говореше и за еден од најголемите проблеми кои ги посочија дел од учесниците а на настанот, дивоградбите.

„Во делот на дивоградбите, општина Кочани е хендикепирана во овој период, заради тоа што единствениот градежен инспектор со лиценца, кој може реално да постапува по предметите и по пријавите од граѓаните, е подолг период на боледување и е отсутен од работа. Вработивме нов градежен инспектор кој е во процес на стекнување со лиценца, и треба да постапува при решавање на состојбите на терен. Преодната форма е меѓуопштинската соработка со општина Штип, и користењето на овластен градежен инспектор со лиценца од нивна страна, и еве со нова информација за јавноста, на 17 октомври  е закажано првото постапување по бесправно изградени објекти на најбезобразен начин, или кои се институционално најчисти за да се санкционира, најави Папазов.

Д. Тахири

Камера и фотографија: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

 

Tags: граѓански дијалозиопштина КочаниПапазов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ