• Latest
Добро утро со Орданоски

Паранојата се лечи, побарајте стручен совет!

January 18, 2022
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Паранојата се лечи, побарајте стручен совет!

Иако Македонија, де факто, води една од полибералните здравствени политики во Европа во однос на вакцинацијата и генералните ковид-ограничувања, и кај нас квалификациите како „фашисти“, „диктатура“, „терористи“ и слични и понавредливи глупости се редовни епитети во фејсбук-пресметките со здравствените и медиумските професионалци

January 18, 2022 06:30
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

И последното искуство на директорката на Клиниката за детски болести, д-р Аспазија Софијанова, алармантно укажува на состојбата во која се наоѓа (и) македонската јавна сфера кога се во прашање реакциите на ставовите на видни и квалификувани експерти во разни области, а особено за прашањата врзани за пандемијата.

Имено, после еден стручен став на д-р Софијанова, втемелен врз светските искуства во таа област, објавен во печатеното викенд-издание на „Слободен печат“ и на порталот на весникот, а којшто се однесува за евентуалното анти-ковид вакцинирање на деца постари од пет години, следуваше вистинска фејсбук харанга од непристојности и лични навреди на сметка на докторката, една одвратна кампања во која не останаа поштедени ни семејните ни стручните ни политичките ни човечките „димензии“ на нашата позната лекарка. Хистеријата се прошири и со некоректното и извадено од контекст пренесување на нејзиниот став и на еден-два овдешни познати партал-портали чијашто единствена смисла на постоење е негувањето на функцијата на жлездите за создавање плунка, на различни теми, кај нивните читатели.

Минатиот викенд, пак, некој незадоволен пациент ја фатил за гуша дежурната докторка во Охридската болница, а во текстот на колешката Мирослава Бурнс во „Слободен печат“ директорите на неколку скопски клиники говорат за постојаните закани и силното обезбедување што морале да го ангажираат за да се заштити здравствениот персонал од „правдата“ што разни граѓани мислат дека можат и физички да ја делат по клиниките и амбулантите. Докторите се принудени дури да имаат и црвени копчиња на телефоните за да ги притиснат за алармирање на болничките обезбедувања во зачестените случаи на агресивни вербални и физички инциденти. Заканите, пцовките, омаловажувањата продолжуваат и во приватните животи на лекарите и медицинските експерти и по завршувањето на нивните болнички смени.

Низ нашите болници отсекогаш имало пациенти и нивни роднини кои физички би се пресметале со лекарите. Но, заради пандемијава, ваквите недоличности сѐ почесто се поврзуваат со антиваксерските активисти и нивните истомисленици. Тоа добро го знаат и медиумските работници, новинарите и уредниците во сите медиуми, кои се изложени на слични секојдневни вознемирувања, лични навреди и закани дури и кога само ги пренесуваат ставовите на консултираните експерти од медицинската сфера. Создадената токсична атмосфера оди до таму што сѐ потешко се наоѓаат стручни соговорници кои се подготвени јавно да ги елаборираат темите врзани за вакцините и вирусната пандемија. Како да се има намера да се замолчат оние кои знаат прилично, за да се отвори уште поголем простор за оние кои не знаат ништо, а имаат многу што да кажат?!

Напоредно со цврстите научни и практични докази дека вакцините и навремените лекарски интервенции се клучни за сопирањето на ширењето на епидемијата во општествата – во Македонија, на пример, над 80% од оние кои деновиве завршуваат на интензивна нега, а и со фатални исходи од заразата, се луѓе кои одбиле или не нашле за потребно да се вакцинираат – расте агресивноста на, додуша, релативно малиот број здравствени милитанти распослани по социјалните мрежи и друг вид преписки со своите неистомисленици. Иако Македонија, де факто, води една од полибералните здравствени политики во Европа во однос на вакцинацијата и генералните ковид-ограничувања, и кај нас квалификациите како „фашисти“, „диктатура“, „терористи“ и слични и понавредливи глупости се редовни епитети во фејсбук-пресметките со здравствените и медиумските професионалци.

Од друга страна, што е право, кога повремено ќе се соберат на јавен протест, нашите антиваксери се бројат во неколку стотици луѓе кои на мирен начин и, често, со најфантастични, па и забавни небулози го бранат своето право да не се вакцинираат. Но, потоа, кога ќе падне „мракот“ на анонимноста по социјалните мрежи или, пак, кога ќе ги фати страста за фејсбук-херојства и правење пакост, да почне неуморната кампања со карактерни атентати и најниски страсти против гласот на здравствениот, а и воопшто, здравиот разум.

Познато е дека кога се уплашени или кога се многу вознемирени, некои луѓе лесно запаѓаат во состојба на параноја, психолошки феномен проследен со фиктивен нагон на гонење, теории за конспирации и ирационалност од најразличен вид. Тоа е состојба на психоза што се лечи. Потребен е совет од стручни медицински лица – слични на оние кои сега се „дават“ по болничките ходници и коридорите на социјалните мрежи. Аман, луѓе, побарајте совет, никогаш не е предоцна да си помогнете!

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ