Откако во јавноста излезе информацијата дека претходната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потрошила повеќе од 800.000 евра за стотици лица кои земале плата, а не оделе на работа, екипата на ЦИВИЛ Медиа денеска ги прашуваше граѓан(к)ите на Скопје: Треба ли да се зема плата, а да не се оди на работа? Граѓан(к)ите ни одговараа дека „тоа никаде го нема“, дека не е исправно, а за потегот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да дели плати на (не)работници, сметаа дека ќе треба да одговараат работодавачите, а дека (не)работниците – ќе треба да ги вратат парите.
„Ќе треба да одговараат и тие што давале и тие што земале пари, а ништо не работеле. Парите ќе треба да ги вратат со камата“, вели еден граѓанин.
Друг соговорник ни рече: „И мене да ми даваа плата, и јас ќе земав. Треба да одговараат тие што им даваа пари“.
За еден граѓанин прашањето на ЦИВИЛ Медиа е „глупаво“, во анкетата тој извикува: „Не ме провоцирај, се разбира дека пари не се земаат ако ништо не работиш!“.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Даниела Нисева