• Latest

Париз најавува Резолуција за Македонија слична на онаа од германскиот Бундестаг

June 24, 2023

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Париз најавува Резолуција за Македонија слична на онаа од германскиот Бундестаг

June 24, 2023 14:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот рече дека сега прашањето на проширувањето не е „кога“, зашто колку побрзо, толку подобро, а тоа го кажал повеќе пати. Прашањето е поврзано со безбедноста, со одредени предизвици за развојот на ЕУ. Но, претседателот кажа дека има само едно, единствено прашање – „како“, под кои услови тоа проширување да се случи колку што е можно побрзо, како тоа да го постигнеме, изјави францускиот амбасадор во Македонија, Сирил Бомгартнер, во интервју за „360 степени”.

Тој даде одговор на дилемите во некои кругови во земјава кои велат – што и ако се направат уставните измени ако имаме нефункционален процес на проширување на ЕУ, при што најчесто се посочува на Франција како земја која не е расположена за прием на нови членки.

Објаснувајќи го прашањето „како”, францускиот амбасадор процесот го дели на два дела – првиот, преговори за членство до потполна интеграција и вториот, што се случуваат од моментот на европска интеграција.

За првиот дел, за време на преговорите за членство, ги имате принципите што фигурираат во новата методологија за проширување. Тоа значи дека Северна Македонија и сите земји кандидатки кои го почнале преговарачкиот процес треба да спроведат реформи, а тие реформи треба да бидат длабоки, суштински, за да можат да ги дадат резултатите. Потоа, ја имаме и таа градуелна интеграција – тоа значи дека државите кои напредуваат во спроведувањето на реформите ќе треба да имаат навистина предвремени бенефити пред да станат полноправни членки – повеќе финансии, учество во различни програми, во политики, во работни групи во Брисел, итн. Треба да се објаснат начините за тоа. Тоа е првиот дел. За вториот дел би кажал дека по интеграцијата во ЕУ прашањето не се однесува за земјите кандидатки, туку за државите членки и за државните институции, а тоа е да знаеме како во една проширена Европа ќе направиме Европа да функционира на ефикасен начин и да биде способна да се соочи со утрешните светски предизвици. Има голем број одговори, но едно од прашањата на кое работи една група, формирана меѓу Франција и Германија, е прашањето за напуштање на правото на вето, повеќе да не се одлучува едногласно или да се намалат прашањата за кои ќе се одлучува едногласно, вели амбасадорот Бомгартнер.

Од друга страна, Лилијана Танги, пратеничка во француското Национално собрание од партијата на Макрон најави дека францускиот Парламент би можел да донесе резолуција за македонскиот јазик слична на онаа во германскиот Бундестаг.

Tags: БундестагЕУМакедонијапроширувањерезолуцијаФранција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ