• Latest

Партиите преговараат, Чавков вработува 600 нови полицајци!?

July 15, 2016

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Партиите преговараат, Чавков вработува 600 нови полицајци!?

July 15, 2016 16:58
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Додека најголем проблем околу кој политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, се уште не можат да се договорат се ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната Влада, МВР објави оглас за вработување на 600 нови полицајци! Како што се наведува во соопштението на МВР, причина за распишувањето на огласот се предизвиците со кои се соочува земјата: „Како резултат на овие предизвици со кои се соочува не само нашата земја и земјите во регионот, но и целиот свет, се јави потреба од нови полициски службеници кои ќе го пополнат и подмладат постоечкиот кадар во Министерството“…

На оваа бројка од  600 нови полициски службеници и претходеа 400 решенија кои министерот Митко Чавков ги потпиша веднаш по повторното доаѓање на позицијата министер, пред помалку од два месеца.

Во меѓувреме, преговорите меѓу претставниците на четирите политички партии продолжуваат и денеска. Амбасадорите на Европската унија, Аиво Орав, и американскиот амбасадор Џес Бејли, се присутни на средбата, а се очекува да се утврдат ингеренциите на министерот за внатрешни работи во преодната Влада.

aivo-i-orav4-470x246

Тоа што беше договорено на последната средба, е формирање на ад-хок тело кое 100 дена пред избори ќе ја контролира работата на медиумите, активната регистрација на 40.000 спорни гласачи и нов главен и одговорен уредник на МТВ. Одлуките за кои се договорија партиите наидоа на критики од експертската јавност.

Според Џабир Дерала, претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, активната регистрација на спорните гласачи, е добар, но недоволен потег за да се врати довербата во Избирачкиот список. „Од особена важност е како ќе се имплементира прочистувањето на списокот на гласачи, и како ќе се врши регистрацијата, особено затоа што може да дојде до притисоци и дел од гласачите да бидат спречени да се регистрираат. Воедно, овој начин ни од далеку не ја гарантира кредибилноста на Избирачкиот список, бидејќи се работи за далеку помала бројка на спорни гласачи, од првичната“, смета Дерала.

Што се однесува до ад-хок телото, кое треба да ја контролира работата на медиумите, како што за ЦИВИЛ Медиа изјави, Жанета Трајкоска од МИМ, „тоа е тотално погрешно решение и само го покажува немањето на знаење и начин, преговарачите да се справат во рамки на преговорите – со тоа што очигледно, ВМРО–ДПМНЕ,  не го дава, а тоа е Агенцијата за медиуми. На овој начин, се укажува дека Агенцијата е непотребна и некорисна, и наместо да направиме законски решенија со кои таа ќе се професионализира, ќе се сменат членовите и ќе ѝ се даде можност да биде професионално тело, таа дополнително се осакатува и се прави институција во институција“, вели Трајкоска. “

Дали и одлуката која се очекува денеска да ја донесат политичките партии, во врска со министерот за внатрешни работи, повторно ќе предизвика критики од стручната ипошироката јавност?

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вработувањаизбориМакедонијаМедиумиполицијаПржиноЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ