• Latest

Партијата на пензионери: Посветени сме на системско решавање на барањата на пензионерите

August 24, 2023
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Партијата на пензионери: Посветени сме на системско решавање на барањата на пензионерите

August 24, 2023 10:49
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата на пензионери, е единствена политичка партија која во својата суштина ги застапува пензионерите во сите сегменти на општественото дејствување, творење и живеење, преку својата програма и повелба каде покрај социјалните, државните и развојните цели, главна целна група се пензионерите и состојбата во пензионерското организирање и живеење.

Партијата на пензионери со големо внимание ги прати сите протести на пензионерите, а особено нивните барања и врз основа на извршените анализи гледа дека:

Партијата на пензионери ги има апсолвирано сите барања и иницијативи на иницијативниот одбор на протестите, и истите веќе ги има опфатено во својата Програма и платформа за работа, и во своето јавно дејствување преку Парламентот има поднесено повеќе барања за нивно системско решавање, што може да се види од досегашните јавни настапувања на претседателот на ПП.

Партијата на пензионери исто така не застана јавно да ги подржи протестантите, бидејќи Иницијативниот одбор на протестите јавно се изјасни дека во протестите не сакаат да се инволвираат политичките партии, иако за воља на вистината во тој ист Иницијативен одбор на протестите се наоѓаат партиски луѓе кои се преставници на антиевроскиот блок во Македонија и чии политички партии јавно ги подржуваат протестите. Тоа се истите политички партии кои за време на своето владеење го доведоа до колапс Пензискиот фонд и целокупниот пензиски систем во државата а сега нудат исти решенија за проблемите кои сами ги створија, како на пример зголемување на пензиите за 600 денари и тоа еднаш во годината.

Партијата на пензионери преку учеството во владината коалиција промовира политики кои имаат за цел стабилен пензиски систем и достоинствени пензии за пензионерите, уважувајќи ги иницијативите кои доаѓаат од пензионерите а се однесуваат на подобрување на нивниот материјален стаус и економска сигурност.

Партијата на пензионери своите активности ги усредсредува на изнаоѓање најповолно решение за подобрување на материјалниот стаус на корисниците на минимални пензии, без притоа да се загрози стабилноста на пензисикиот систем и редовната исплата на сите пензии.

Партијата на пензионери во рамките на коалицијата неколку пати иницира донесување на закон за минимална пензија и во таа смисла има подготевено Предлог закон за минимална пензија и предлог на мерки за солидарна финасиска поддршка за пензионерите до просечна пензија.

Партијата на пензионери исто така се залага за проширување на позитивната листа на лекови и не плаќање на партиципација на највозрасните и најнемоќните пензионери со помали пензии од просечната.

Партијата на пензионери е и секогаш ќе биде со пензионерите штитејќи ги нивните интереси, а не интересите на тие што манипулираат со изборите во некои здруженија на пензионери и кои нетранспаретно ги трошат финасиските средства од членарината на сите а посебно на социјално загрозените пензионери.

Секој добронамерен, чесен и способен човек е добродојден да ни се придружи, да со заедничко делување го направиме животот поубав, во нашата ни единствена татковина МАКЕДОНИЈА за сите вклучувајки ги и пензионерите. Затоа придружете се и поддржете ја Партијата на Пензионери да имаме повеќе претставници во Законодавниот дом и во Извршната власт за поуспешно да се избориме за програмските цели и со самото тоа за целокупната пензионерска популација во општеството.

Правната служба на Партијата на пензионери секогаш стои на располагање на сите пензионери за пружање на бесплатана правна помош, стои во соопштението.

Tags: Партија на пензионерипензии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ