ЦИВИЛ Медиа денеска ги праша граѓанките и граѓаните на Скопје, која е според нив разликата меѓу национализмот и патриотизмот.
Дел од анкетираните велат дека има огромна разлика меѓу овие два поими, другите пак сметаат дека се едно исто.
„Ништо. Едното е позитивно, другото е негативно. Национализмот е негативен, а патриотизмот позитивен“, вели еден граѓанин.
„Нема разлика исто е. Можеби можеме да разликуваме фашизам и патриотизам, а национализам е патриотизам“, децидна е една граѓанка.
„Нема разлика, и едното е лошо и другото е лошо. За мене не чинат ниту едното ниту другото. Не е убаво да бидеш националиста и не е убаво да бидеш фашиста. Сето ова што ние го имаме во Македонија е лажен патриотизам“, вели еден од анкетираните.
Друг пак вели: „Разликата е голема! Патриотизмот е љубов кон државата, а основата на национализмот е омразата кон другиот и тие две работи не треба да се мешаат.“
Една граѓанка не беше сигурна која е разликата вели дека таа сепак постои: „Не би правела некоја голема дистинкција меѓу едното и другото. Патриотизмот го чувствуваме и тоа е нешто природно. А за национализмот сепак би кажала дека тука има нешто екстремно. Не ми звучи убаво национализмот“.
Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.