• Latest

Паљурци е без вода, нема пари за струја за пумпите!

July 3, 2017

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Паљурци е без вода, нема пари за струја за пумпите!

July 3, 2017 14:21
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку дена нема вода за наводнување на околу 2.000 хектари земјоделско земјиште во регионот на Богданци! АД „Водостопанство“ ги затвори вентилите од системот за наводнување од браната и не само што трпат штети индивидуалните производители, туку на езерото Паљурци му се заканува еколошка катастрофа и пресушување, доколку итно не се интервенира.

Земјоделците бараат Министерството за животна средина да интервенира со пренасочување на водата од системот за спас на Дојранското езеро – кон нивите. Тие стравуваат дека без вода ќе се исушат овошните и зеленчукови насади и дека ќе трпат огромни штети. За еколошкиот биодиверзитет на езерото Паљурци и за фауната која вирее во овие води, се загрижени и спортските риболовци. Ако се загрози еколошкиот минимум, според нив, тоа ќе значи – крај за спортскиот риболов на езерото Паљурци.

Од АД „Водостопанство“ информираат дека на 13 јуни, со допис е известено и ресорното Министерство, со најава дека пеколните горештини може да доведат до проблемот, што сега стана акутен.

„Го известивме Министерството дека доколку не се интервенира, браната ќе нема вода, поради високите температури. Целата вода од браната не смееме да ја испуштиме, а од друга страна, не смееме да ги вклучиме ниту пумпите од системот кај Ѓавато, со коишто ќе се овозможи дотур на вода во езерото, зашто тоа е надлежност на Министерството за животна средина“, велат од АД „Водостопанство“.

Од Министерството посочуваат дека АД „Водостопанство“ треба да ја извести Владата за овој проблем.

„АД Водостопанство треба да испрати информација до Владата, па потоа, Владата ќе го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, да ги вклучи пумпите. Бидејќи Министерството не располага со средства коишто се потребни за плаќање на потрошената електрична енергија, со вклучување на пумпите што ќе овозможат дотек на вода во езерото Паљурци“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Сашо Секулоски, портпарол на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според најавите, денеска или утре, на седница на Владата ќе се разгледа овој проблем, за да им се излезе пресрет и на земјоделците, но и за да се спаси езерото.

М. Т.

Tags: АД "Водостопанство“водена кризаезеро ПаљурциМинистерство за животна срединапарипеколни горештинипумпирезервоарструја
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ