• Latest

Пендаровски: Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот

February 6, 2023
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Другата страна го искористи роденденот на Делчев за кревање на тензиите, ние го положивме испитот

February 6, 2023 12:51
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Другата страна, за жал, го искористи роденденот на Гоце Делчев  за кревање на тензиите, а ние го положивме испитот и покажавме како треба да се однесува сериозна европска држава, оцени денеска претседателот Стево Пендаровски.

Според него, македонско-бугарските односи во последно време се влошуваат. 

-Имавме извесно смирување после прифаќањето на европската преговарачка рамка. Минатото лето влеговме во скрининг процесот. За жал, роденденот на Гоце Делчев беше искористен од другата страна за кревање на тензиите по мене сосема непотребно. Меѓутоа, мислам дека е неподелена оценката 4 февруари и од наша страна како држава сосема до крај, стопроцентно го положивме испитот и покажавме како една сериозна европска држава треба да се однесува со почитување на правата на луѓето да одат на почит на големиот македонски револуционер и притоа да се изолирааат сите што доаѓаат со лоша намера, односно доаѓаат со намера да провоцираат и да предизвикуваат немири, истакна Пендаровски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со неговата унагарска колешка Каталин Новак.

Претседателот смета дека ситуацијата на границата на денот на чествувањето беше кристално јасна. Пуштен бил секој што сака да влезе во земјава и да отиде на гробот на Делчев за да оддаде почит.

-Сите оние кои сакаа да влезат во Република Северна Македонија го направија тоа. На сите што влегоа од Бугарија во Северна Македонија и сакаа да отидат на гробот на Гоце Делчев тоа им беше овозможено. Оние кои се обидоа да ја нападнат полицијата, се разбира, заработија прекршочни пријави и депортација од нашата земја. Секоја европска држава го прави тоа на идентичен начин. Нека ни се јави еден граѓанин на Република Бугарија на кој му било одбиено да влезе во Република Северна Македонија да одаде почит на гробот на Гоце Делчев, се разбира освен оние кои правеа проблеми за што има и видео снимки, рече шефот на државата.  

Тој уште еднаш повтори дека според билатералниот договор со Бугарија и според сите меѓународни норми, правила и прописи, државјаните на РСМ треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени.

-Во однос на ова што кажувате она што го прават Бугарите од Македонија во Брисел, во Софија тоа не е ништо ново. Тие не можеа да разберат од самиот почеток, иако беа примени и од мене и од другите државни авторитети. Значи, зборувам за две-три години наназад, дека и според билатералниот договор што го имаме со Бугарија и според сите меѓународни норми, според сите меѓународни правила и прописи, државјаните на РСМ треба да се обраќаат и да ги бараат своите права ако мислат дека им се загрозени во Република Северна Македонија од македонските институции. За жал, тие тргнаа по обратниот пат и мислам дека го избраа погрешниот пат. Тоа не значи дека ние нема да ги сервисираме нивните потреби исто апсолутно идентично како и секој друг македонски граѓанин, меѓутоа мислам дека бадијала го губат времето зборувајќи со европски институции, Судот во  Стразбур, а претходно да не реферирале или да не побарале поддршка или барем да објаснат во што е нивниот проблем тука во Скопје, потенцира Пендаровски.  

Претседателот ја квалификува Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент пред четири дена како „домашна политичка потреба во очи на изборната кампања“.  

-Ние имаме рамка, после преговарачката европска рамка имаме нормална рамка која се нарекува фаза скрининг која треба да заврши до крајот на ноември оваа година. Декларацијата на бугарскиот Парламент во очи на нивните избори не се разликува по ништо од декларацијата дури и не е толку лоша од декларациите кои ги видовме три години во претходниот Парламент исто така. Она што е битно е што е европска преговарачка рамка одобрена од сите 27 земји членки на ЕУ вклучително и од Република Бугарија. Ова се унилатерални декларации кои до овој момент не добиваат поддршка од никого во Брисел и се разбира дека нема ни да добијат. Сакам да ги толкувам како нивна домашна политичка потреба во очи на изборната кампања, објасни Пендаровски.

Tags: БугаријаГоце ДелчевСеверна МакедонијаСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ