• Latest

Пендаровски: Храброста на Украинците е потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слобода

February 24, 2023
Фото: Скриншот ЦИВИЛ Медиа

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026

Се нашла крава која не дава млеко на сточен пазар

November 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Пендаровски: Храброста на Украинците е потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слобода

February 24, 2023 11:24
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денес, изминува точно една година од почетокот на бруталната руска воена агресија врз Украина, која го втурна украински народ во невидени страдања, загуба на човечки животи и ужасна деструкција. А, сите нас останатите не соочи со фактот дека во Европа повторно се води крвав конфликт кој предизвикува хуманитарна, економска, енергетска и безбедносна криза. Станува збор за трагедија која влезе во нашите домови и во нашите мисли и пред која немаме право да останеме без зборови, рече претседателот Стево Пендаровски, на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

„Паметам дека во февруари минатата година, во предвечерието на агресијата, на Минхенска безбедносна конференција, најоптимистичките прогнози беа дека во случај на напад, Украина нема да може да издржи повеќе од две недели. Но, Украина издржа, решена по секоја цена да ја сочува својата независност. Украина, која изминатите месеци ја плати борбата за демократија со илјадици човечки животи, покажа дека дефинитивниот избор на секој народ се демократијата и слободата, а не тиранијата и насилството“, рече тој.

Претседателот истакна дека ниту една агресија не може да биде оправдана, независно дали ги следите академските дефиниции или реалниот живот. Не постои никаков сомнеж дека рускиот напад врз Украина претставува директно кршење на меѓународниот поредок и системот на безбедносна архитектура кој требаше да овозможи траен мир, стабилност и просперитет во Европа по завршувањето на Студената војна. Русија ги прекрши сите меѓународни правни акти во тој контекст и во текот на изминатата година, нејзините војници извршија грозоморни злосторства врз многубројни украински цивили, акти несвојствени за една цивилизирана држава.

„Сликите и сведоштвата од Буча, Ирпињ, Мариупол, Херсон, Харков и другите украински градови и села говорат за отсуство на базичното чувство за хуманост на руската воена машинерија, но, сведочат и за тоа до што може да доведе една анахрона и автократска политика кога за архитектите на оваа војна ниту илјадниците мртви на нивна страна не се доволна причина за запирање на спиралата на безумие. На страната на демократскиот дел од светот не смее да има никакво двоумење дека сите злосторства треба да бидат детално истражени, а виновниците соочени со правдата.

Сцените кои секој ден ги гледаме пред нашите очи од украинските градови и села говорат за храброста и нескршливиот дух на украинскиот народ, што е најсилна потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слободата и љубовта кон татковината. Жртвата која денес ја прави украинскиот народ е порака за сите оние кои сеуште калкулираат и анализираат за тоа како треба да заврши оваа војна. За секое морално човечко суштество единствениот праведен исход треба да биде ослободување на целата територија на Украина“, рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека нема дилеми дека Украина е веќе морален победник во овој конфликт бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка во спротивставување на газењето на човековите права и посегањето по слободата на другиот. За сите оние кои мислат со својата глава нема никаква дилема дека руската агресија е војна на една диктатура против една демократија. Војна на минатото против просперитетот и во тој судир демократскиот свет нема право на пораз.

Токму поради ова, уште на самиот почеток, како држава, заедно со нашите сојузници во НАТО Алијансата понудивме подршка и продолжуваме и понатаму да асистираме со хуманитарна, техничка и воена помош која е потребна за да се намалат загубите, санираат штетите и да се извојува конечната победа.

„Во светло на се почестите предвидувања последниов период дека агресорот се прегрупира, засилува и подготвува офанзива долж источниот и јужниот фронт, единството на демократскиот свет и натамошната робусна поддршка на Украина е исто толку важна колку и решеноста на украинскиот народ да ја извојува победата.

Во оваа смисла може само да радува фактот дека изминатите недели клучните европски сојузници, заедно со Соединетите Американски Држави донесоа важни одлуки за конкретна воена и економска помош на Украина што ќе овозможи одбрана и потиснување на руските сили надвор од окупираните територии. Јасно е дека само на тој начин можат да бидат создадени услови за крај на војната и обезбедување гаранции дека никогаш повеќе Украина и Европа нема да се соочат со егзистенцијални закани и конфликти од девастирачки размери“, рече тој.

Пендаровски додаде дека во овој контекст е важно да потенцираме дека изборот за тоа кога и под кои услови ќе настапи мирот е најправедно да го направат самите украински граѓани, кои се борат за сопствениот опстанок. Нашата поддршка на нивните напори ќе продолжи да биде недвосмислена и конкретна, бидејќи легитимирањето на агресијата како средство за постигнување на било која цел, е не само недозволено, туку и неморално во свет во кој основна вредност е човечкиот живот.

Светот во кој моќта на агресорот е посилна од мирот и демократијата би бил опасно место за живеење во кое перманентната нестабилност би била нашата “нова нормалност”. Сите слободоумни и мислечки луѓе не смеат да дозволат да живееме во таков свет, потенцира Пендаровски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ