• Latest

Пендаровски: Конференција на САД-Јадранска повелба се одржува во време на предизвици без преседан за безбедносната архитектура на Европа

September 27, 2023
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

Каматите не ги диктира само Франкфурт: Колку е точна приказната дека кредитите мора да поскапат?

September 14, 2026
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Војна на бројките – власта брои успеси, опозицијата брои лаги, земјата тоне

September 14, 2026

Теророт на рускиот агресор врз Украина: За една недела 2.100 дронови, 1.700 наведувани бомби и 78 ракети

September 13, 2026

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Конференција на САД-Јадранска повелба се одржува во време на предизвици без преседан за безбедносната архитектура на Европа

September 27, 2023 11:57
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако се навратиме низ историјата, Јадранската повелба, започна како формат на соработка меѓу тогашните членки на Партнерство за мир, Албанија, Македонија и Хрватска, во мај 2003 година, со цел да ги координираат своите активности во процесот на интеграција во НАТО, а, под покровителство на нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Подоцна, во текот на 2008 година на иницијативата се приклучија и Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во Јануари 2009 година иницијативата доби нов формат, а проширената А5, со континуирана поддршка од САД, додаде многу повеќе во концептот на регионална безбедност и соработка на Западниот Балкан3, изјави претседателот Стево Пендаровски на конференцијата на САД-Јадранска повелба.

Во своето обраќање Пендаровски истакна конференција се одржува во време на предизвици без преседан за безбедносната архитектура на Европа, поттикнати од инвазијата на Русија врз Украина.

„Европа е исправена пред најголем историски предизвик од крајот на Студената војна. Генерации и генерации повоени европски политичари беа уверени дека нашиот континент никогаш повеќе нема да биде сведок на ваква страшна трагедија, меѓутоа, руската инвазија против Украина на флагрантен начин ги поништи клучните принципи на меѓународниот правен поредок.

Уште од самиот почеток, најостро ја осудивме нелегалната инвазија на Русија. Северна Македонија целосно ги поддржува напорите на НАТО и придонесува со свои капацитети за зајакнување на безбедноста на источното крило на Алијансата. Во моментов сме меѓу првите пет држави-членки на Алијансата според соодносот меѓу бруто домашниот производ и воената и материјално-техничката помош која и ја даваме на Украина во овој критичен период. Точно е дека војната во Украина може да потрае, но ние сме подготвени да продолжиме да помагаме затоа што сметаме дека одбраната на Украина е одбрана на европскиот и меѓународниот поредок заснован на принципи“, истакна Пендаровски.

Tags: Јадранска повелбаСтево Пендаровски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ