“По 17 години со статус на земја кандидат за членство во ЕУ, сите ние, ова политичко раководство, со ваша поддршка ги отворивме преговорите, но се соочивме со две блокади, надворешната од соседна Бугарија, но и внатрешната блокада, којашто повеќе боли, од најголемата опозициска партија”, рече вечерва на предизборниот митинг во Кочани, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ договорите не ги признаваат и ако дојдат на власт ќе ги поништат, наместо да ги отворат и да видат што пишува во нив, дека Македонци постојат, дека македонски јазик постои и тоа никој не смее да го негира во целиот свет.
Во своето обраќање Пендаровски одговараше и на прашања од присутните на митингот, при што истакна дека останува на ставот дека е потребен ветинг во правосудството, но тоа да ги опфати и политичарите, неколку децении наназад.
Н, А.