• Latest
Добро утро со Орданоски

Перфектна бура над Македонија

December 10, 2019
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Перфектна бура над Македонија

Збунета е и, барем привремено, подзамолчена (во недостаток на нова команда за престројување) целата партиска, правно-естрадна, медиумска и квази-медиумска машинерија за поддршка на „сведокот-жртва“. Уууууупс, кочи, кочи, кочи...!

December 10, 2019 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Како што стојат работите, изгледа дека судењето за случајот „Рекет“ не може да се одвива само во судницата на скопскиот Кривичен суд. И може лесно да се испостави дека најслабата алка во обвинителската верига за овој скандал е „каменот-темелник“ на аферата – г. Јордан Камчев.

Некако, темелов почнува да се клати како шуплив заб. 60-тина секунди монтирани снимани разговори, во кои, наводно, г. Камчев се слуша во целата своја колоритна политикантска опсесивно-компулсивна индивидуалност – агресивен, заканувачки, нервозен, плачлив, конфузен, еуфоричен итн. – се директна реплика на ставот на Обвинителството дека угледниот бизнисмен, кој плаќа „највисок данок во државата“, бил недолжна цел на бескрупулозна изнуда на организирана криминална група рекетари. (Од кои, патем, дознаваме дека обвинетиот кој призна вина му позајмил на Камчев значителен дел од сумата за да го плати рекетот во кој и самиот учествувал…?!?!)

Во меѓувреме, дознаваме дека уште еден највисок безбедносен функционер од „ергелата“ на бившиот режим на Груевски и Мијалков заминал од земјава без уредно да се „одјави“. Зошто е тоа важно? Па, затоа што за него се шпекулира дека бил посредникот во купопродажни зделки на една мала, одважна делегација која пазарела снимки од едни други двајца од истата „ергела“ кои пребегаа јужно, пред овој да исчезне, наводно, уште појужно.

Значи, секој за секого поседува некакви компромитирачки снимки. Тоа се, претпоставувам, севернокорејските „бомби“ што г. Камчев – ако е тоа неговиот глас на снимките – се заканува дека ќе ги „фрла“ од Бугарија кон Македонија. Заеви ќе паднат од власт, како резултат на пресметки со „крв до колена“, што ќе резултира со “бабарогата“ Мицковски кој ќе дојде на власт, што би било само увертира за повторно враќање на Груевски во игра. Тркалото ќе заврти полн круг, излепено со лепешките на сите врз кои газело.

Како „пеколниот Бројгел“ да го илустрирал целово сценарио!

Збунета е и, барем привремено, подзамолчена (во недостаток на нова команда за престројување) целата партиска, правно-естрадна, медиумска и квази-медиумска машинерија за поддршка на „сведокот-жртва“. Уууууупс, кочи, кочи, кочи…!

Најбогатиот Македонец, всушност, цело време ни порачува дека е прекрупен и преважен за да пропадне, без разлика на сопственото правно поведение. Неговиот правен статус мора да биде или на „сведок-жртва“ (за одигрување на таа улога му се ставиле на услуга сите неопходни институции во државата) – или последиците за сите ќе бидат ужасни. Или власта ќе се ангажира да го спасува – или тој ќе активира операција за дискредитација на СЈО и за рушење на Заев од власт.

И, се чини, ја активирал. Кругот на помагачи не е мал, ниту за потценување. Сепак, клучната слабост на г. Камчев – освен неговиот карактер – е фактот што е опкружен од луѓе кои немаат никакви повисоки идеали, туку се заинтересирани само за неговите пари и за лечење на своите лични фрустрации. Лоша комбинација за конечен успех.

Не сум сигурен дали ваквиот молскавичен развој на настаните ќе им помогне на преостанатите двајца обвинети во „Рекет“ во справувањето со доказната постапка, но изгледа Обвинителството ќе мора да ја прилагоди својата првична стратегија, со земање предвид на напливот на нови околности што им го тангираат случајот. Можеби ќе дојде до прередување на масите во судницата, да се додаде уште некое место во линијата каде што седат оние кои на судењето се транспортираат со полициски комбиња? Пред уште некој да пребега од Македонија?

Треба ли да нè радува, од гледна точка на правото и демократијата, ваквиот развој на настаните?

Корените на злото се, сепак, во шокот од големата незаконита операција за следење на комуникациите, што со индустриски пропорции ја спроведувала тогашната ДБК, во времето на претходната власт. А бидејќи во судењата за масовното прислушување сè уште не се испорачува ефективна правда, методот на тајно снимање го присвоија сите центри на моќ кои имаат потреба со такви снимки (и со филтрирањето на нивната содржина) да тргуваат со влијанија, да уценуваат, да дискредитираат, да се пазарат, да профитираат и да се спасуваат. Сезоната на ловот е отворена за сите, без разлика на мотивите, причините, последиците.

Облаци се надвиваат над Македонија, се подготвува уште една перфектна бура.

 


Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ