• Latest
Драган Мишев и Назми Абдурахмани во „Перспективи 2023“, 29 декември 2022 (фото: ЦИВИЛ)

Перспективи 2023: Мишев и Абдурахмани за руските злосторства во Украина и медиумите како опасна алатка

January 3, 2023
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

Перспективи 2023: Мишев и Абдурахмани за руските злосторства во Украина и медиумите како опасна алатка

Мишев: Руските злосторства не успеаја да го скршат украинскиот дух; Абдурахмани: Медиумите се опасна алатка ако се во погрешни раце

January 3, 2023 11:59
in ДЕЗИНФО, МЕДИУМИ, ТОП 5, ФОРУМ
Драган Мишев и Назми Абдурахмани во „Перспективи 2023“, 29 декември 2022 (фото: ЦИВИЛ)

Драган Мишев и Назми Абдурахмани во „Перспективи 2023“, 29 декември 2022 (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

На мултимедијалниот и медиумскиот настан организиран од ЦИВИЛ и интегрираната редакција на ЦивилМедиа „Перспективи 2023“, кој се организира секоја година, почнувајќи од 2017 година, се вкрстија голем број ставови, коментари и анализи на состојбите во 2022 година и перспективите во 2023 година.

Шесте панели на „Перспективи 2023“ се одржаа на 29 декември, а ги водеа Биљана Јордановска и Дијана Тахири. На еден од панелите што ги водеше Тахири, учествуваа новинарите Драган Мишев и Назми Абдурахмани кои дискутираа на две теми: Војната во Украина и медиумите.

Драган Мишев

Во прашањето кон новинарот Мишев да даде една ретроспектива во однос на руската агресија врз Украина од годината што изминува, и како тој лично ја доживува војната со оглед на тоа што пишува за неа од самиот почеток, тој изјави:

„И лично и професионално, конкретно со случувањата со руската агресија врз Украина, тоа беше испреплетено. Имаше моменти каде што беше тешко професионалното да се издвои од човечкото. Настаните таму не оставија рамнодушен никого во светот, во демократскиот, слободарски свет.“

Мишев како светол момент во ова воена агресија од руска страна го потенцираше фактот дека и покрај сите злосторства, сепак, не се скрши духот на Украинците.

„Како светла точка покрај сите тие напади, покрај сите тие злосторства што се случуваат таму, на руските агресори не им успеа да го скршат духот на Украинците. Тие ја бранат, не само својата земја од руската воената агресија, туку го бранат целиот демократски свет, ја бранат демократијата и слободата“.

Модераторката Тахири го праша и за тоа како беше третирана војната во Украина во медиумите и на кое ниво беше солидарноста со Украинците. Мишев одговори рече дека и во двата случаи ние како држава, како општество и како луѓе и како медиуми заостануваме зад светската поддршка за Украина.

„На почеток на војната, еден дел од медиумите ја покриваа војната, но слабо, а еден дел сензационалистички го покриваше војната. Медиумите во Македонија руската агресија ја покриваа од руска гледна точка. Се пренесуваа информации дојдени од руските пропагандни центри, и најчесто дојдоа преку српските пропаганди центри, така да можам да кажам дека ЦИВИЛ беше прв кој ги осуди и објавуваше информации од украинските и западните медиуми, кој даваа поразлична слика од тоа што тука, барем на почетокот на војната, споделуваа од руската пропагандна машинерија.“

Тој понатаму одговарајќи на прашањето дали сѐ уште трае таа пропаганда, истакна дека тие продолжуваат со погрешното известување. Запрашан дали се многу гласни дезинформациите, па затоа изгледаат и помногубројни, Мишев меѓу другото рече дека  гласноста им доаѓа од тоа што се организирани од некој центар.

„Мислам дека се организирани, гласноста им доаѓа од тоа што се организирани од некој центар. Не се многу, едни исти луѓе се појавуваат на повеќе медиуми за да шират пропаганда.“

Назми Абдурахмани

Новинарот Назми Абдурахмани даде ретроспектива околу медиумите. Тој рече дека 2022 година беше предизвикувачка.

„Медиумите се опасна алатка ако се во погрешни раце. Морам да кажам дека 2022 година беше предизвикувачка, затоа што, ако се гледа по дебатни емисии, во земјава се покануваат гости што донекаде имаат и говор на омраза, а ако продолжи на ваков начин, може да предизвикаат несакани последици. Затоа, нам, како општество, ни е потребна медиумска едукација.“

Тој понатаму рече дека „поради зачестени дебатни емисии, темите се трошат и преминуваат во пропаганда“. Според Абдурахмани, особено сега, кога имаме руската агресија во Украина,  имаме и тензиите меѓу Косово и Србија, може да се создаде перцепција која може да предизвика несакани последици.

Новинарот Абдурахмани сподели искуства за семинарот „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ што се одржа од 5 до 10 декември, во организацијата на Цивил и Youth4Media од Германија.

„Научивме нешто ново од тие мини интервјуа. Пропагандата е опасна алатка што се шири преку медиумите особено сега преку социјалните мрежи. Соговорниците беа професионалци во тоа што го работат и говорат и навистина беше едно одлично искуство за мене затоа што ние медиумските работници треба да бидеме професионалци и совесни за да можеме да ја детектираме која е вистината, лагата и пропагандата. Мораме да знаме како да направиме дистинкција по однос на ова, и да можеме да развиеме отпорност и да ги разликуваме лагата и вистината“, рече тој

„Перспективи за 2023 година“

Модераторката Тахири за двајцата соговорници имаше прашање за нивните видувања за 2023 година, на што новинарот Мишев истакна дека би сакал да има мир во светот, не само во Украина, туку насекаде каде што има конфликтни зони, кршење на човекови права…

„Перспективите за 2023 ми наликуваат на Скопје овие денови. Завиено во магла, неизвесно. Посакувам мир во светот, но каков мир е прашањето. Мир со какви компромиси. Секако мир во светот, не само во Украина, туку во целиот свет каде што има конфликти зони, каде што страдаат луѓе, каде што се кршат човековите права. Би посакал повеќе хуманост, рамноправност, еднаквост…“ – рече Мишев.

Новинарот Назми Абдурахмани истакна дека за 2023 година, како медиумски работници, мораме да смогнеме сили за борбата што ни претстои за правовремено и вистинито известување

„За медиумите… Мислам дека сите ние, медиумските работници, треба да смогнеме сили, особено во вакви времиња каде што имаме тензични ситуации, да придонесуваме во издвојувањето на лагата од вистината. Мислам дека ова е предизвик, и ќе остане предизвик и во годината што доаѓа, за да може населението да биде известувано правовремено и вистинито.“

Перспективи 2023 се состоеше од шест панели со повеќе од десет учесници кои се емитуваа во живо на Јутуб видео каналот и на ФБ страницата на Цивил.


Извор: CivilMedia | Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: анализиВојна во УкраинадезинформацииМедиумиПерспективи 2023Цивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ