„Има рампи што премостуваат бариери, има рампи по кои тешко се искачуваме… Терминот лице со посебни потреби многу ми пречи, бидејќи јас сум граѓанин на овој град и оваа држава, и сум иста како сите останати, можеби имам специфични потреби.
Ние постоиме, и отприлика 20 посто од населението имаат специфични потреби. Ќе бидеме лица со посебни потреби се додека општеството има пречки, кога општесвото ќе нема пречки ќе не нема нас како лица со попречености туку нормално ќе функционираме, живееме и движиме како сите“, изјави активистката за правата на лицата со посебни можности, Сандра Пешевска Мицковска, на панелот на ЦИВИЛ „Рампа“ по повод 3 декември – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.