• Latest

Петровска: Јадранската повелба се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки

November 16, 2023

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петровска: Јадранската повелба се покажа како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки

November 16, 2023 13:39
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нашата одговорност денеска е да продолжиме со поддршка на патот на останатите земји аспиранти од регионот кон европската и евроатланската перспектива и да обезбедиме недвосмислена насока во развојот на поцврста безбедносна и одбранбена интеракција, оспособена да одговори на новите предизвици што се надвиснуваат над нашиот регион и пошироко, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на отворањето на јубилејниот 20-ти Министерски состанок на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје.

Таа истакна дека во изминатите две децении дека повелбата се покажала како успешен механизам за соработка меѓу земјите членки.

– Со овој дух мора да продолжиме напред и на тој начин оваа повелба да остане симбол на доверба, просперитет и сложност на сите нејзини земји членки, како и на регионалната заедница, рече министерката.

Дополни дека за тоа е потребна не е само колективната мудрост, туку и колективната посветеност за поттикнување на безбедност, стабилност и соработката.

– Геополитичкиот пејсаж се менува брзо, а заканите со кои се соочуваме се динамични и брзи. Во овие предизвикувачки времиња императив е да ја препознаеме меѓусебната поврзаност на нашата безбедност, рече министерката.

Петровска изрази благодарност за континуираната поддршка што ја пружаат САД.

– Ја поздравувам и силната поддршка на Соединетите Американски Држави кои беа најсилните мотиватори и поддржувачи на европските и евроатлантските агенди на земјите членки на Јадранската повелба. Би сакала да изразам благодарност за континуираниот ангажман за зачувување на регионалната стабилност и евро-атлантската перспектива на земјите од Западен Балкан, рече таа.

Петровска посочи дека меѓусебната соработка и довербата изградена во текот на изминатите години се темел на заедничките успеси.

– Дваесетгодишно наследство на нашето партнерството е камен-темелник на нашата стратешка одбранбена позиција, правејќи ги нашите заеднички напори основа на нашите одбранбени институции, појасни таа.

На состанокот, освен министерката Петровска како предводник на македонската делегација и помошничката на секретарот за одбрана на САД, Селест Валандер, ќе учествуваат и министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, министерот за одбрана на Црна Гора, Драган Краповиќ, заменикот-министер за одбрана на Босна и Херцеговина, Славен Галиќ, раководителот за меѓународна безбедносна и одбранбена соработка во хрватското Министерство за одбрана, Игор Габриќ, додека од земјите набљудувачи на состанокот ќе учествуваат министерот за одбрана на Косово, Ејуп Маќедонци, државниот секретар во Министерство за одбрана на Србија, Немања Старовиќ и заменик-генералниот директор во Министерство за одбрана на Словенија, Аљоша Селан.

САД – Јадранската повелба е основана на 2 мај 2003 година во Тирана како Иницијатива за соработка во одбраната во А-3 контекст (Албанија, Хрватска, Северна Македонија). За време на македонското претседавање со Јадранската повелба, на маргините на 63-то Генерално Собрание на ОН, одржано на 25 септември 2008 година во Њујорк беше донесена одлука за упатување покана за членство на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Јадранската група, како поттик за нивното забрзано движење по патот на евроатлантските интеграции.

Јадранската повелба е базирана на заедничката визија за стабилност во Југоисточна Европа и полноправно членство во евроатлантските интеграции. Албанија и Хрватска во 2008 година, Црна Гора во 2017 година и Северна Македонија во 2020 година, како резултат и напорите за развој и достигнување на НАТО стандардите, станаа рамноправни членки на НАТО Алијансата.

Tags: Западен БалканинтеграцииЈадранска повелбаМинистерски состанок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ