„Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина полицајци за да снимаш спот е неодговорно и несовесно раководење!!!Зарем полициските службеници кои веќе 2 месеци деноноќно се на терен треба да бидат искористени како статисти за снимање спот? Ова ли е начин да се штитат правата на вработените? Вака не треба, ова е погрешно!“, напиша на Фејсбук заменик -министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска.
Во услови на вонредна состојба и полициски час, од терен да повлечеш 80тина полициски возила и најмалку 100тина…
Gepostet von Slavjanka Petrovska am Montag, 4. Mai 2020
Претходно Фронтлајн објави дека, неофицијално, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев снима видео спот и дека е побарана официјална изјава.