Tројца „мажи“ со пиштол и боксирач викендов нападнале 64 годишна жена, вработена во фурната „Христина Клас“ во Кисела Вода, бидејќи одбила да им даде бесплатно да јадат.
„Откако им било укажано дека не може да јадат без пари, едно од лицата кое имало боксирач во раката започнало да ја крши вратата и витрините од бурекџилницата. По ова, вработената им рекла дека за 30 денари не вреди да се расправаат, а истите физички ја нападнале, едно од лицата вперило и пиштол кон неа. По преземени мерки во врска со пријавениот настан во Полициска станица Кисела Вода се приведени А.Ф.(22), Ф.Б(25) и Г.Г.(29) сите од Скопје“, стои во билтенот на МВР.
Колку треба човек да е „сиромав“ за да посегне по оружје и да се заканува дека ќе одземе човечки живот за 30 денари?! Кога и каде се изгубија моралните и човечки вредности…
Дали трендот на неказнивост (или минимална условна затворска или парична казна) на насилниците им дава простор да прават неред во државата…
Време е полициските структури да преземат поголеми безбедноси мерки и контрола и да ја гарантираат сигурноста и безбедноста на граѓан(к)ите. А пиштолџиите и насилниците да ги казнат со максимална казна!
Дехран Муратов