• Latest
Војо Маневски

Писмо до боговите и господарите: Не е до гласот на мнозинството, туку до влијанието на најдобрите и најодговорните

September 17, 2023

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Писмо до боговите и господарите: Не е до гласот на мнозинството, туку до влијанието на најдобрите и најодговорните

Не му се обраќај на бога кога имаш проблеми, сврти се кон проблемот, тој ќе ти покаже кој е бог, кој  е господар, а кој слуга

September 17, 2023 14:37
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Секое време има свои господари и свои слуги, ама секое време има и богови на кои се молат, господарите за власт, а слугите за правда. Господарите ни се видливи, веќе јасно се издвоени од останатите, тие ја имаат власта и моќта. Останатите, поданиците, сонуваат да ја достигнат состојбата кога ќе бидат граѓани, активни чинители на заедницата. За достигнување на тој статус не  е доволно да го молат Бога, туку да бараат господарите да не го заземаат неговото место, да не се однесуваат како богови.

Господарчињата си изгласуваат големи плати, одговорноста ја сведуваат на декларативна изјава, одговараат само на „рамните“ меѓу себе или кога ги загрозуваат интересите на посилните, а ние гледаме целовечерни престави од нивните настапи и му се молиме на господа да ги казни за неправдите. Го молиме свевидниот да ни помогне. Што да ни помогне? Па да бидеме на нивно место и ние да станеме господари, а нашето место да го заземат некои нови слуги. Нема овде ништо ново и што не е веќе видено. Тоа е природата на човечкото општество, а можеби и на самиот човек, било да е тој креација или еволуциска последица. За посакуваното место во заедницата може само да се избориш, ништо нема да добиеш ниту со молби ниту со клетви.

Господарите, богови ли се или ние такви ги правиме? Кога ги боготвориме, која молитва е прикладна да им ја пратиме? На некој непризнат јазик или некој со етаблирана лингвистичка историја. Или едноставно да им пишеме едно старовременско писмо.

Да поченеме со она кое го заборавивме, кога се пишува писмо:

Ете сега најдов време да ви пишам и да ве прашам како сте (ова го подзаборавивме нели?) Како се чувствувате кога ќе останете сами, а телефонот два часа не ви ѕвони, тишината нема ви ги води ли мислите кон минатото? Се прашувате ли кој е заслужен што сега сте во состојба да донесувате одлука за илјадници ваши сонародници сограѓани и роднини. Во кој момент некој од боговите ве одбра токму вас, кога ви се насмеа среќата? Дали и вие напорно учевте во  училиште да стекнете знаење, студиравте за да покажете дека има нешто во вас што ве разликува од другите и тоа утре на сите ќе им го покажете, ќе им го подобрите животот. Бевте ли во нешто барем најдобри? Можеби кога се криевте во последните клупи за да не ве сретне погледот на наставникот и го постави она судбоносното АЈ СЕГА ДА СЛУШНЕМЕ ШТО СИ НАУЧИЛ. А ти чепкаш по клупата и гледаш некој да ти дошепне нешто за да се провлечеш, да се снајдеш како врвен идеал во твоето разбирање на животот. Тешко, тешко, господари, господа политичари и носители на функции, дека сте биле од оние што стануваа на секое прашање на наставникот и го кажуваа она што го научиле и од место и од табла и она што го разбрале, како свој поглед на свет и вредностите кои ги посакуваат. Ова може да е сеќавање за некој друг од вашата генерација што тогаш успешно го исполнувал времето на часот до спасоносното ѕвонче што означува негов крај, а вие свиткани како бугарски ЕР – голем се исправавте само кога наставникот ќе ја напушти училницата.

Да не навредив некој господа? Се извинувам на сите како мене „обични“ за предрасудите кои ги имам и генерализацијата. Знаете како е со нас постарите кои се навикнати да пишуваат, ама и да чуваат стари писанија и документи. И државата ни беше таква пред да се „дигитализира“, сѐ се запишуваше. И ете останале дневниците од основно и средно образование и папките со бројот на индекс каде се сѐ уште пријавените испити и добиените оценки. Знам дека никој веќе не верува во нашиот систем на оценување и соодветност меѓу оценките и знаењето што треба да стои во нив, но сепак не е лошо да се потсетите, кој каде седеше во класот и колку знаеше. За оние што се пољубопитни еве еден совет. На собирите на годишнините, отворете ги дневниците колку да видите со какво знаење располагале денешните ваши избраници во државните органи.

Ќе се разбудите можеби кога сето тоа, како сеќавање, ќе го ставите во денешен контекст. Некако ќе ви се стегнат забите, па наместо секојдневното мрморење и нејасната галама, ќе испуштите некој звук и кога ќе се вклопи фреквенцијата со истиот таков кај другите ваши сопатници во испорачување на молбите кон новите господари, тој звук ќе стане ХУК, пет октави висок, а истовремено како дебел бас. Е тоа е гласот на народот од кој се плашат сите владетели, господари, газди и политичари. Тој глас дава и зема сила на оние што сега се чувствуваат недопирливи и неодговорни кон вас. Тој глас станува акорд само со демократски начин на избор на претставниците во органите на власт и со нивно демократско владеење.

Не го молете бога за вашите проблеми. Земете го проблемот во свои раце. За да се разреши проблемот, мора да се има и лична одговорност за изборот на господарите кон кои после ги упатувате молбите. Знам дека сите размислуваме дека богови и господари има многу и со некој ќе најдеме некаков договор, па ќе си поминеме некако. Нема да си поминеме, туку ќе си преминеме барајќи одговор:

Кога и зошто не разбравме каде е силата во демократијата? Многу ли грешам, ако кажам дека не е до гласот на мнозинството, туку до влијанието на најдобрите и најодговорните, на домаќините. Но, како тоа влијание да стане мнозинско и да не биде надгласувано од есапчиите кои би гласале и за најслабиот во одделението (класот) ако е нашминкан, дотеран, иако знаат дека е обичен „суртук“. Ете, толку знам јас за демократијата на денот кој се нарекува ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА.

А секое писмо некогаш завршуваше од прилика вака: и ете ти пишав како сум и како живеам, со здравјето сум добро и истото ти го посакувам и на тебе. Поздрави ги сите што ме знаат, а и оние што не ме знаат. До скоро видување, каде и да се случи, на следните избори.


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: демократијаизбориполитичариправда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ