Писмото на МПЦ до бугарската црква покажува дека МПЦ е одговорна структура и во оваа неможна ситуација на некомуницирање со СПЦ речиси 70 години, бара решение, рече професорот Цане Мојановски во вечерашната Топ Тема на ТВ Телма.
Според него, од 1967 година до денес, МПЦ чука на затворени врати. Оттука, ова може да се сфати како обид, крик да ги мотивира другите цркви да се активираат за вклучување на МПЦ во нивното семејство.
Став, пак, на професорот Љупчо Ристовски е дека МПЦ нема квалитетна, издржана стратегија, ниту досега, како што рече, имаше изградено конзистентен пристап за нејзиното признавање.
„МПЦ години наназад се обидува да добие признавање од СПЦ. Вртењето кон бугарската црква е знак на очај. Не успевате лево, не успевате десно, потоа делувате по линија на помал отпор“ – нагласи Ристовски и додаде дека нетранспарентноста на Синодот за писмото до бугарската црква покажува дека има голема подвоеност по ова прашање во Синодот.
На дебатата учествуваше и професорот Владо Поповски.