• Latest
Photo by Markus Winkler on Unsplash

Платформа за сите храбри, паметни и активни граѓанки и граѓани

June 18, 2021

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Платформа за сите храбри, паметни и активни граѓанки и граѓани

June 18, 2021 10:53
in ДНЕВНИК, ЕДИТОРИЈАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Photo by Markus Winkler on Unsplash

Photo by Markus Winkler on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Отвораме нова фаза во развојот на медиумската платформа на ЦИВИЛ која во наредниот период ќе стане уште поголема и уште повлијателна. Затоа, во овој Едиторијал, сакам да ги потсетам сите поддржувачи и членови на ЦИВИЛ како организација, како и на сите учеснички и учесници во активностите на нашата организација, дека нашиот медиумски простор е отворен за секој што сака да даде свој придонес.

Тоа може да биде пријава на случај на кршење на човековите права и слободи, корупција, дезинформации и говор на омразата, изборни нерегуларности. Исто така, добредојден е секој што сака да објави став, анализа или коментар на одредена тема, особено ако таа е соодветна на нашите програмски и организациски заложби. Нашиот Тим за координација и Редакцијата им се на располагање на сите заинтересирани да ја искористат шансата да придонесат кон креирањето на политиките во нашето општество.

Во еден мој текст објавен на организациската веб страница на ЦИВИЛ во 2011 година, под наслов Година на револуции: храбрите ќе останат online, можев само да го констатирам следното:

Светот громогласно се менува. Милиони луѓе ширум светот излегоа на улиците да ги побараат човековите права и слободи. Тие не го жалат своето време, работните места и социјалниот статус. Во многу земји во светот видовме голем број млади кои не се плашеа ни за своето здравје, па дури ни за животот. Човековите права и слободи им беа ултимативна цел и не се колебаа да излезат на улица. (Текстот може да се преземе и на овој линк).

На почетокот на третата деценија од третиот милениум од новата ера, гледаме дека тој свет се менува уште побрзо, уште погласно и со уште поголеми ризици по човековиот вид и неговите начини на организирање во општествата ширум светот. И нашата земја минува низ силни трансформации, бележи прогрес, но се соочува со безброј предизвици. Ние сме повикани да учествуваме во тие трансформативни процеси сите заедно, со критика, анализи и со решенија.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е простор кој за кратко време по своето формирање во 2009 година стана значаен извор за информации, вести, анализи, извештаи, документи за политики, коментари и ставови. Го одликуваат низа специфики кои јавноста ги препознава како нов, различен и близок до граѓанките и граѓаните, ослободен од трката по комерцијален успех, општествено одговорен. Ова е простор за промовирање, негување и унапредување на европските и зелените вредности.

Со ставовите, коментарите и анализите поместени во секцијата СЛОБОДНА ЗОНА, Организацијата дава значаен придонес кон креирањето на јавното мнение и кон јакнење на јавната свест за клучни општествено-политички појави и процеси во земјата и во светот. Токму оваа секција од медиумската платформа најмногу соодветствува на слоганот СЛОБОДНО-НЕЗАВИСНО-ОТВОРЕНО, бидејќи во неа ќе сретнете многу различни, често и остро спротивставени ставови од Авторки и Автори со најразлични општествени, политички или академски профили.

Со повеќе од 2.500 колумни, коментари и анализи годишно, медиумската платформа на ЦИВИЛ  е простор од каде што, секој што учествува во креирањето на содржините, има можност да влијае врз креирањето на политиките и практиките во нашата земја.

Освен многу познати имиња, медиумската платформа на ЦИВИЛ им дава простор и на млади Авторки и Автори, кои во себе носат нова енергија, нови мисли и ставови.

Голема одговорност носиме сите ние, тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА, како и сите Авторки и Автори. Деноноќно работиме за јавниот интерес, го даваме најдоброто од нас, за да придонесеме кон важните теми во општеството, кон процесите и настаните од клучно значење за развојот на демократијата, слободата, правдата и човековите права.

 


Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ