ЦИВИЛ – Центар за слобода организира експертска панел дискусија под наслов „Плурализмот и политичката криза“ на 17 март (четврток) во хотел Сити Парк, со почеток во 11 часот.
Учесници на панел дискусијата, Сандра Гавриловска, адвокат и правен консултант, Сашо Орданоски, политички аналитичар и Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК се реномирани стручњаци кои ќе ги претстават своите експертизи за политичката криза и за изборниот процес во земјата. Целта на оваа дискусија е да се придонесе кон развивање на плуралистички амбиент и дебата во општеството, преку претставување на различни ставови на експертската заедница.
Н.Е. амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер ќе ја отвори дискусијата со свое воведно обраќање.
Овој настан е дел од проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија