• Latest

Пендаровски: Ако дојдеме на власт, нема да биде избркан од работа ниеден административец!

December 6, 2016

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Ако дојдеме на власт, нема да биде избркан од работа ниеден административец!

December 6, 2016 18:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Законот за државна администрација е со низа недоследности и синдикалните работници бараат тоа да се промени. Законот има двојни аршини и се применува кога треба некој да се казни или да се избрка од работа, но кога треба да се награди, тогаш никој не презема ништо“, истакнаа синдикалните лидери, учесници на денешната трибина „Крикот на администрацијата и владењеето на правото“ што ја организираше Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје.

Генералниот секретар на Синдикатот на Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), Трпе Дејановски рече дека досега немало пријава за притисоци или за казнување на државните административци, меѓутоа, минатата година имало пилот-програма за оценување: „Имавме случаи кога луѓе кои работеа по дваесетина години во институции, биле казнети со ‘двојка’ или ‘тројка’, затоа што не биле на митинг на одредена политичка партија“.

untitled
Трпе Дејановски, генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ

„Овој закон е ‘наполнет пиштол’ за другата власт, ако дојде таа, да може селективно да избрка од работа 5 отсто од администрацијата. Ако земеме 5 отсто од 130 илјади вработени, тоа се 6. 500 вработени, и тие ќе може да бидат избркани без проблем! Меѓутоа, досега ни беше одговарано дека овој закон нема да се измести ниту милиметар, и дека ние како Синдикат на УПОЗ, штитиме неработници и криминалци“, истакна Дејановски.

Тој додаде дека им било кажано оти законот е донесен според примерите на Велика Британија и на скандинавските земји.

„Нам не ни треба закон од скандинавските земји, нам ни треба наш закон, бидејќи имаме институции каде што четириесетина вработени – работат на три компјутери, истовремено, службеникот е и нотар и член на ДИК… Донесоа закон за сите административци да знаат странски јазици, а истовремено, има законски акти, каде што пишува дека е забрането да комуницираат со странки. Тогаш, што ќе им се странски јазици, за да разговараат во канцелариите меѓу себе?“, истакна Дејановски.

На трибината учествуваа и Александар Колеќески од Македонскиот центар за европско образование, Виктор Илиевски од Синдикатот на културата на Република Македонија -(СКРМ), Пецо Грујовски претседател на Синдикатот на УПОЗ и Неда Малеска -Сачмаровска од Центарот за управување со промени.

На трибината присуствуваше и Стево Пендаровски, кандидат за пратеник на СДСМ, кој одговори на прашањето на синдикалците како ќе го применат законот за администрација ако победат на претстојните избори и дали бркаат административци од работа.

untitled
Стево Пендаровски

Пендаровски истакна дека доколку победи СДСМ на изборите, нема да биде никој избркан од работа, туку дека ќе има прераспределба и дообучување на државните службеници.

„Слушам дека ги плашат државните службеници, дека ако победи СДСМ, сите ќе бидат избркани. Тоа се лаги и никој нема да биде избркан, освен тие што имаат извршено криминал!“, потенцираше Пендаровски.

Милан Живковиќ од ФЕС, истакна дека претставници на сите политички партии беа повикани да учествуваат на дебатата, но дека освен претставниците на СДСМ, никој не дошол да ги слушне проблемите и барањата на стечајните работници и на администрацијата.

Дехран Муратов

Tags: „наполнет пиштол“администрацијадржавни службенициСДСМсиндикалциСтево ПендаровскиУПОЗФондација Фридрих Еберт
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ