Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја обвини сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека е „столб“ на тиранскиот режим кој загрозува милиони граѓани.
– Сестрата на Ким Џонг-ун е централен столб на најлошиот тирански и репресивен режим во светот. Тоа е злобна семејна свита која брутализира, убива, затвора и малтретира околу 25 милиони луѓе, изјави Пенс на собир на републиканците во близина на Вашингтон.
Тој истакна дека САД одлучно ќе остане против Северна Кореја, се додека Пјонгјанг се заканува и не сака да се откаже од нуклеарната програма.
Пенс и Ким Јо-џонг присуствуваа на отворање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во иста ложа, но не разменија ниту збор.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.