САД се отворени за разговор со Северна Кореја со цел да се покаже американската политика во однос на нуклеарната програма на Пјонгјанг, изјави американскиот потпретседател Мајк Пенс.
Тој во интервју за порталот „Аксиос“ потенцира дека таквите разговори не се исто што и преговори.
– САД ќе продолжи да го интензивира дипломатскиот и економскиот притисок врз Северна Кореја поради нејзините нуклеарни амбиции, посочи Пенс.
Тој додаде дека санкциите нема да бидат укинати се додека Северна Кореја не се откаже од својата нуклеарна програма.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини