• Latest

По 15 минути одмор на секој наставен час

January 17, 2018

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

По 15 минути одмор на секој наставен час

January 17, 2018 14:57
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од клучните промени за новите наставни програми и планови за првото одделение, според Министерството за образование, предвидува на секој час од 40 минути, да има 15 минути одмор за децата, намалување на учењето во широчина за сметка на учењето во длабочина. 

Според министерката за образование Рената Дескоска, новите реформи во основното образование предвидува нов и квалитетен образовен модел, кој е автентичен и соодветствува на нашето подрачје.

Новите реформи предвидуваат намалување на тестирањата на учениците за сметка на комплексното проверување на резултатите од учењето, домашните работи се заменуваат со вежби на час под контрола на наставникот, бројот на часови ќе се намали – учениците во прво одделение нема да имаат повеќе од 4 часови дневно, првото одделение ќе биде соодветно прилагодено на возраста на учениците од 5 ипол години и намалување на времето планирано за меморирање за сметка на времето планирано за истражување и проблемско учење.

„Сите анализи кои беа направени покажаа дека практично учениците се една од најоптеретените категории. Ако сите ние имаме лимитирано работно време, учениците имаат време кое што го поминуваат досега на часови, а потоа нивните обврски продолжуваа и дома, и тоа резултираше во еден вид на незаинтересираност, презаситеност на учениците, одбивност од наставниот процес, така што сакаме со реформите да им дадеме на учениците знаења, и исто така да ги вратиме интересот и желбата за учење“ изјави министерката за образование и наука, Рената Дескоска.

Според професорот Зоран Велковски, основниот принцип при ревизијата на наставните планови и програми бил со помалку да се постигне повеќе, наспроти оној поранешниот принцип на пренатрупување.

„Посебен акцент да ставиме на периодот од прво до трето одделение, каде што секое дете ќе ги стекне фундаметалните знаења, за да може успешно да напредува понатаму низ образовниот процес. Во тој контекст за учениците од прво до трето одделение, предвидени се часови за инструкција, меѓутоа зголемени се одморите“, изјави Велковски.

Ангела Петровска

Tags: Министерство за образованиеобразованиеРената Дескоскареформи
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ